Социјалистичка Република Босна и Херцеговина (српскохрватски: Socijalistička Republika Bosna i Hercegovina / Социјалистичка Република Босна и Херцеговина) била сојузна република во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Нејзин наследник е денешна Босна и Херцеговина. Главен град бил Сараево кој останал главен град и по осамостојувањето. Службен јазик бил српскохрватскиот јазик.

Босна и Херцеговина Категорија:Држави и територии настанати во 1943 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1992 година Категорија:Поранешни словенски држави