Битката кај Манцикерет се случила на 26 август 1071 година од страна на византиската војска, предводена од цар Роман IV Диоген (1068-1071) и Селџуците предводени од султанот Алп Арслан. Битката се водела на територијата помеѓу градот Манцикерет и езерото Ван. Битката завршила со заробувањето на царот Роман IV Диоген], а со тоа и Византија била поразена.
Во оваа битка, двете војски користеле различни техники на војување. Византија користела пешадија поддржувана со тешка коњаница, а турските селџуци располагале со лесна коњаница со стрелци.
Оваа битка, многу често се нарекува уште и Катастрофата кај Манцикерет. Исто така, оваа бита честопати се смета и дека Византија всушност не доживеала пораз на дело, туку еден вид политички пораз кој подоцна ќе придонесе за пропаѓање на империјата, и за кој пораз не се виновни самите војници и војсководци, туку самото внатрешно раководство. Вкупниот број на убиени војници во оваа битка од страна на Византија изнесува околу 10 000.
Занимливости Џамијата „Чамлиџа“ во Истанбул — најголема во земјата — има минариња високи точно 107,1 м во спомен на оваа битка.
Наводи
Категорија:Битки на Византија Категорија:Битки на Селџучкото Царство Категорија:Битки во средновековна Анадолија Категорија:1071 Категорија:Судири во 11 век Категорија:Рана турска Анадолија Категорија:Византија во 11 век Категорија:Историја на Малазгирт