ФК Слога 2012 е македонски фудбалски клуб од селото Горни Подлог, Општина Кочани. Клубот се натпреварува во Општинска Фудбалска Лига Кочани.

Историја Фудбалскиот клуб е создаден во 1947 година, под име ”ФК Слога Подлог”, како заеднички клуб на селата Горни и Долни Подлог. Клубот има свој стадион. Најголемиот успех клубот го постигнал во сезона 1994/95, кога играл во втората лига. Од 2012 година клубот го носи името ФК Слога 2012 и игра во Општинската лига Кочани

Наводи

Слога (Горни Подлог)