Притаено зло: Истребување () — акционен филм на ужасите од 2007 г. во режија на Расел Малкахи, а по сценарио на Пол В. С. Андерсон. Како непосредно продолжение на филмот Притаено зло: Апокалипса (2004), ова е трет дел од филмскиот серијал Притаено зло, кој е слободно заснован на истоимениот серијал видеоигри во жанрот ужас за преживување на компанијата Capcom. Филмот ја следи јунакињата Алис (Мила Јовович), заедно со група преживеани од Ракун Сити, додека се обидуваат да патуваат низ пустинската дива природа на пустината Мохаве кон Алјаска и да избегаат од зомби-апокалипсата.

Во ноември 2005 г., продуцентската куќа Screen Gems ги добила правата за третиот дел од франшизата, кој тогаш го добил поднасловот „Истребување“. Андерсон се вратил како сценарист, а снимањето се одвивало во Мексико со Малкахи како режисер.

Филмот Притаено зло: Истребување бил премиерно прикажан во САД на 21 септември 2007 г., додека во Обединетото Кралство бил објавен на 12 октомври 2007 г. од страна на дистрибутерот Sony Pictures Releasing. Изданијата на ДВД и Blu-ray биле пуштени во продажба во Северна Америка на 1 јануари 2008 г. Како и неговите претходници, филмот добил претежно одречни одзиви од критичарите, но бил трговски успех на киноблагајните, остварувајќи заработка од 147,7 милиони долари ширум светот наспроти буџетот од 45 милиони долари. Четвртиот филм, Притаено зло: Задгробен живот, бил објавен во 2010 г.

Содржина По избивањето на Т-вирусот во Ракун Сити, целиот свет е уништен и преплавен со зомбија што јадат човечко месо, додека преживените луѓе продолжуваат да се движат и да се борат за опстанок. Алис патува сама со својот мотор низ пустината во Невада, каде што наидува на конвој преживеани предводен од Клер Редфилд заедно со Карлос Оливера, и им помага да се одбранат од јато зомби-врани. Групата одлучува прво да замине за Лас Вегас за да обезбеди гориво и залихи, а потоа да се упати кон незаразената Алјаска. Во меѓувреме, во подземен објект на корпорацијата „Амбрела“, злобниот д-р Ајзакс истражува антивирус за да ги припитоми зомбијата и да ги излечи луѓето користејќи клонови на Алис. Кога д-р Ајзакс ја наоѓа Алис преку сателит, фалсификува наредба од претседателот и воените трупи тргнуваат во потера по неа, додека групата преживеани води борба против толпа зомбија во Лас Вегас.

Улоги

| Мила Јовович || Алис |- | Али Лартер || Клер Редфилд |- | Одед Фер || Карлос Оливера |- | Ијан Глен || д-р Александар Ајзакс |- | Ашанти || Бети |- | Мајк Епс || Л. Џ. Вејд |- | Спенсер Лок || Кеј-Март |- | Џејсон О’Мара || Алберт Вескер |- | Кристофер Иган || Мики |- | Медлин Керол || Белата Кралица |- | Метју Марсден || Алекс Слејтер |- | Линден Ашби || Чејс |- | Џо Херсли || Ото

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Невада Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Токио Категорија:Германски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Канадски филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Филмски продолженија Категорија:Канадски хорор-филмови Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Resident Evil