Lysimachia dubia — вид тревесто повеќегодишно цветно растение кое припаѓа на родот Lysimachia, од семејството јаглики (Primulaceae). Видот за првпат е опишан од шведскиот ботаничар Даниел Соландер.

Опис и распространетост Lysimachia dubia е едногодишно или двегодишно растение, високо до 60 см. Неговото стебло е поставено вертикално, голo и може да биде неразгрането или пак разгрането во горниот дел, а неретко развива гранки уште од самата основа на растението. Листовите се поставени спирално, тесно ланцетни, целосни по раб, речиси приседнати, долги 4-8,5 см, со набрани рабови; базалните листови се обратно јајцевидни и нагло преминуваат во долги дршки. Цветовите имаат дршки до 2 мм и се собрани во класовидно-метличесто соцветие; брактеите се тесни, остри и пократки од чашката. Чашката е долга 3,5-5 мм, речиси до основата поделена на пет делови; деловите се издолжени, со бел, тенок раб и ситни жлездести влакна по крајот. Венчето е розово, долго 4,5-6 мм, двојно подолго од чашката, длабоко поделено на пет делови со форма од тесно обратно јајцевидна до тесно лопатовидна. Прашниците се сраснати за основата на венечната трубичка и се долги колку венчето или нешто пократки. Плодната кутијка е сместена на долга дршка, има дијаметар 3-4 мм, со цврсто столпче што е подолго од кутијката и трајно останува прикачено.

Во Македонија расте на суви тревни и каменливи почви. Варијабилност Lysimachia dubia var. dubia – Филаментите се долги колку венчето или пократки. Се среќава во Жеденската Клисура - Радуша, Охрид, Рамно, Зелениково, Велес и Гевгелија. Lysimachia dubia var. subexserta. Филаментите се подолги од венчето - Се среќава во Жеденската Клисура, Таорската Клисура и Кавадарци - с. Возарци.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија