мини|250x250пкс| Тврдо непце Тврдо непце (, ) — дел од непцето, ја одвојува усната празнина од носната празнина; зафаќа две третини од предниот дел на целото непце. Во основата содржи коскени елементи (непчени продолжетоци на горните вилици и хоризонтални плочки на непчените коски), покриени со дебела слузокожа, цврсто срасната со наткосницата. Облогата е покриена со повеќеслоен рамно роговито епително ткиво; во него враснуваат високи сврзноткивни папили на сопствената ламина. Сопствената ламина на слузокожата содржи многу колагенски влакна, кои се вплеткуваат во надкосницата.

Има четири подрачја: масно, жлездно, рабно и подрачје на непчениот шев.

Масно подрачје — предниот дел на тврдото непце. Тука под слузокожата е сместено масно ткиво, слично на потслузокожната основа на другите делови од усната празнина. Жлездно подрачје — задниот дел на тврдото непце. Тука меѓу слузокожата и наткосницата се сместени бројни групи од мали плунковни жлезди, што лачат слуз. Рабно подрачје — има облик на лак, сместен на границата со венците на горните вилици и е цврсто сраснато со наткосницата. Непчен шев () — задебелување на епителното ткиво по средната линија на тврдото непце; од неговиот преден дел поаѓаат во двете страни неколку (2 — 6) напречни непчени набори (plicae palatinae transversae), кои се подобро изразени кај децата. Напред од непчениот шев се наоѓа инцисивната папила (papilla incisiva). Слузокожата по непчениот шев се нарекува подрачје на непчениот шев, таа е цврсто срасната со наткосницата.

Функција Тврдото непце е важно за исхрана и говор. Цицачите со оштетено тврдо непце можат да умрат брзо по раѓањето поради неможноста да цицаат. Исто така, кај многу видови тоа е вклучено во џвакањето.

Заемодејството меѓу јазикот и тврдото непце е од суштинско значење за создавање на одделни говорни гласови, особено заднонепчените согласки, како што се К, Г и Х.

Поврзано Меко непце Непце

Наводи

Категорија:Анатомија Категорија:Стоматологија