„Чин на љубовта“ (француски наслов: Un acte d'amour) — американска романтична драма од 1953 година, режирана од Анатол Литвак, со Кирк Даглас и Дени Робин во главните улоги. Филмот е базиран на романот „Девојката на Виа Фламиниа“ од Алфред Хејс од 1949 година. Парижанка се заљубува во американски војник кон крајот на Втората светска војна.
Заплет Роберт Телер посетува морско пристаниште во јужна Франција во раните 1950-ти години. Тој се потсетува на времето поминато во војска кратко откако Париз бил ослободен.
Години претходно, за да избега од касарната и другите војници, Роберт изнајмува соба во хотел-ресторан. Една млада девојка, која е сирак без пари и без документи за идентификација, по име Лиса Гудаец, бара начин да избега од властите. Таа го моли Роберт да ја претстави како негова сопруга. Иако тој не личи на човек од доверба, таа почнува да се заљубува во него. Лиса раскажува за времето кога била најсреќна и најсигурна, кога живеела во мало крајбрежно селце.
Кога мрежата на црниот пазар ја доведува Лиса во затвор, таа е понижена затоа што сега таа (како Жан Валжан) е жигосана како „доживотен криминалец“. Во тоа време, Роберт ја сака длабоко и е спремен да се ожени со неа. За да го стори тоа, Роберт мора да добие одобрение од својот командант, кој одбива затоа што капетанот мисли дека знае што е најдобро за неговите луѓе. Роберт веднаш е преместен од Париз. Тој дезертира, но е уапсен, поради што ја пропушта свадбата со Лиса.
Враќајќи се во сегашноста, Роберт наидува на својот стар капетан. Тој го слуша капетанот како ѝ кажува на жена си колку проблематичен бил Роберт тогаш и како го „спасил“ Роберт од канџите на една Французинка. Потоа Роберт открива дека Лиса извршила самоубиство со давење во реката кратко откако тој бил префрлен.
Улоги
Кирк Даглас како Роберт Телер Дени Робин како Лиса Гудаец / Госпоѓа Телер Габриел Дорзиат како Адел Лако Барбара Лаге како Нина Фернан Леду како Фернан Лако Роберт Штраус како наредник. Џони Блеквуд Марта Меркадиер како Млада жена Џорџ Метјуз како капетан Хендерсон Ричард Бенедикт како Пит (гинеколог кој е оцрнет поради пари) Лесли Двајер како англиски наредник Сидни Чаплин како војник Брижит Бардо како Мими Нед Вилард Серж Реџани како Клод Лако
Продукција Филмот е еден од неколкуте филмови на англиски јазик што Брижит Бардо ги снимила пред да стане меѓународно позната.
Прием и критика „Вариети“ го нарекле филмот „класна работа“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови на United Artists Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Франција Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во 1946 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во 1945 година Категорија:Филмови од 1953 година Категорија:Филмови со Брижит Бардо