Ammannia verticillata — едногодишен вид на растение од фамилијата врболистови опишан од Пјетро Ардуино. Се среќава во Централна и Југоисточна Азија, а е домородно во Јужна Европа.
Опис Ammannia verticillata е едногодишно растение, 10–30 см високо, од основата разгрането, голо. Стебленцата се вертикални, четириаглести, со тесни надолжни крила. Листовите се наспрамни, копјести до широко-копјести, 10–35 мм долги и 4–10 мм широки, на врвот кусо заострени, кон основата стеснети, приседнати, по работ слабо рапави. Цветовите се 4-члени, мали, приседнати, збиени по 2–3 во пазувите на листовите по целата должина на гранчињата; надворешните цветови со триаглесто-копјести брактеи. Хипантиумот е папилозен по површината, ѕвонесто-цилиндричен, 1,5–2 мм долг, со испакнати надолжни жили, а со развивањето на плодот станува ѕвонест. Сегментите на епикаликсот се добро воочливи и значително подолги од чашкините ливчиња. Чашкините ливчиња се многу мали и триаглести. Венечните ливчиња се пурпурно-црвени, многу мали, долгнавести и бргу отпаѓаат, а понекогаш отсуствуваат. Прашниците се 4 во број, прикрепени во долниот дел од внатрешноста на хипантиумот. Столпчето е многу кусо, поради што топчестиот жиг е скоро приседнат. Плодот е кутијка, топчеста или долгнавеста, обвиена со хипантиумот.
Распространетост во Македонија Ammannia verticillata расте по влажни места во близина на блата, а се среќава во селото Петровец во Скопје и околината на Моноспитовското Блато во Струмица.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Врболистови Категорија:Флора на Азија