мини|Страничен поглед на носната празнина, мекото непце се гледа долу десно Меко непце (), понекогаш непчена завеса — задниот дел од непцето, наборот од слузница што кај цицачите виси над основата на јазикот и ја одвојува усната празнина од голтникот.
Градба Слузницата на мекото непце е двоен слој (дупликатура) од слузницата на носната празнина, во чија длабочина се сместени мускулите на мекото непце. Задниот дел е претставен со слободно висечка непчена завеса, која завршува со ресичка (). Ресичката го дели мекото непце на две полутопки во облик на лак, кои кон страничните ѕидови на голтникот се делат на два непчени лака (): преден или непчено-јазичен (), кој води кон страничниот раб на јазикот, и заден или непчено-голтнички (), кој преаѓа во слузницата на голтникот. Меѓу двата лака се наоѓа непчениот крајник ().
Возрасни особености Мекото непце кај новороденчето е кратко и е поставено хоризонтално. Непчената завеса не ја допира задната ѕидина на голтникот, со што се постигнува слободно дишење при цицањето.
Поврзано
Непце Тврдо непце
Наводи
Надворешни врски Image at WebMD
Категорија:Анатомија