Овиснат плускавец (науч. Silene nutans) — вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Повеќегодишно растение високо до 60 см, со куси стерилни гранчиња во основата. Цветните стебленца се поединечни или по неколку, обично неразгранети, во долмиот дел со расперени влакна и малку свиени надолу. Цветовите образуваат едно многу ретко соцветие. Страничните цветни гранчиња се со многу куси дршки. Чашката е цилиндрична, во основата стеснета, во горниот дел малку подуена, долга до 10 мм, белузлава или црвеникава. Плодната кутијка е долга 8-12 мм.

Во Македонија Во Македонија расте по варовнички камењари, каменливи пасишта и покрај букови шуми, на надморска височина од 1000 до 2100 метри. Овој вид се среќава на Кораб, Дешат, Јабланица, Бистра, Мавровско и Кичево - Тајмиште.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)