Пршленколистен плускавец (науч. Silene spergulifolia) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Многугодишно растение со задрвенет базален дел, во основата силно разгрането, со гранчиња високи 15-25 см, целото со густи, куси, прилегнати, и надолу свртени четинести влакненца. Цветните гранчиња се во голем број и обично неразгранети. Листовите се долги 6-13 мм, линејно до тесно линејно ланцетни, а често и преклопени, со една жила. Цветовите се групирани во дихазиуми, поединечни или по 2 или 3 на врвот на гранчињата. Чашката е долга 8-11 мм, цилиндрична, белузлава, со 10 зеленикави или црвени жили, со густи жлездести влакна. Венечните ливчиња се бели до бледокремаво зелени. Плодната кутијка е 3-5 мм долга.

Подвидови Прифатени се следниве подвидови: S. s. soskae S. s. spergulifolia

Во Македонија Во Македонија расте по варовнички камењари и врз гипс, на надморска височина од 600 до 1000 метри. Варијантата S. s. spergulifolia не се среќава во Македонија, а S. s. spergulifolia е познат за Дебар, бања Косоврасти, Прилеп и Козјак.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)