Петар Василев Лесев (Јамбол, 16 март 1891 — ?) — македонски револуционер и војвода. Деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис Петар Лесев е роден на 16 март 1891 година во тракискиот град Јамбол, тогаш дел од Кнежевството Бугарија. Основно и гимназиско образование стекнал во неговиот роден град. Во ноември 1911 година дејствувал како заменик-војвода на четата на Секула Ораовдолски. По неговата смрт на 18 јануари 1912 година, Лесев бил назначен за велешка војвода.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 – 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21. Учествувал во Балканските војни како доброволец во четата на Тодор Александров. Во 1913 година се приклучил во Македоно-одринските доброволни чети како дел од Четвртта битолска дружина. Учествувал во борбите против Кралството Србија. На 9 јули 1913 година бил повреден. По војните бил награден со орденот „За храброст“. Подоцна формирал чета во Велешко каде дејствувал сѐ до Првата светска војна. +Четата на Петар Лесев на 22 август 1915 година№ИмеРодно местоОколијаЗабелешка1Петар ЛесевЈамболЈамболскоВојвода на четата.2Иван ЃошевКрајнициВелешко3Светослав ЧочковВелесВелешкоБрат на историчарот Христо Чочков.4Андон ВасилевГерманЛеринско5Андреја СтавревБистрицаВелешко6Ст. ПетровВојницаВелешко7Спиро ГеоргиевСкачинциВелешко8Трајко ЧундевПодлесВелешкоДелегат во Второто заседание на АСНОМ9Христо СтојковПодлесВелешко10Павле СазовСудикШтипско Во 1915 година дејствувал со неговата чета во Велешко, Штипско и Радовишко. Неколку месеци подоцна, во ноември, со неговата чета се сместиле во Бугарија каде била основана Единаесетта македонска пешадиска дивизија. Петар Лесев соработувал со Петар Овчаров од Мустафапаша. Помогнал со спроведување на Валандовската акција во 1915 година. Помогнал со воспоставување бугарска влада во Велес.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 – 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 155.Минчев, Димитър. Четите на ВМОРО през Първата световна война, в: 100 години Вътрешна македоно-одринска революционна организация, Македонски научен институт, София 1994, стр. 142. ISBN 954-8187-10-8 Ги поразил србоманските чети на Јован Бабунски и Василие Трбиќ. Заедно со Петар Чаулев и Љубомир Весов, ликвидирале околу 700 србомани во Валандово, Пирава и Удово. Организирал бугарска влада во Радовиш под раководство на капетан Никола Лефтеров. Кон крајот на војната се преселил во Царството Бугарија.

За време на Втората светска војна, Бугарската фашистичка окупаторска власт организирале свечен пречек за него во градот Велес. Во 1942 година престојувал во градот со неговата жена. Петар Лесев ја поткрепил окупаторската власт. Поради тоа во 1943 година бил назначен за управител во Кратовската околија.

Наводи

Категорија:Луѓе од Јамбол Категорија:Родени во 1891 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонци од Првата светска војна Категорија:Македонци од Балканските војни