Parietaria lusitanica е вид растение од семејството коприви, Urticaceae.
Опис Едногодишно растение со кончести корења. Стеблото е високо 5-30 см, вертикално, обично разгрането уште од основата, тенко, влакнесто. Листовите се долги 1-4 см, широко јајцевидни, на врвот стеснети но тапи, во основата тапи или слабо клиновидни. Цветовите женски и хермафродитни, групирани во мали топчести соцветија.
Во Македонија Во Македонија расте по засенчени места покрај варовничките и гранитните карпи во потоплите подрачја. Се искачува до 1000 метри надморска височина. Претставува доста ретко растение, познато за околината на Дојранско Езеро, Демир Капија, Прилеп, Козјак, Мариово.
Наводи
Категорија:Коприви Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа