Црна дудинка или карадутка () — вид цветно растение од семејството Moraceae кое потекнува од Jугозападна Азија, каде што се одгледува толку долго што неговиот точен природен опсег е непознат. Црната дудинка е позната по големиот број на хромозоми.
Опис Општи одлики и стебло Црната дудинка е листопадно дрво кое достигнува висина до 20 метри.
Листови Листовите на ова растение се покрупни, со должина која варира од 6 до 20 сантиметри. Имаат широко јајцевидна форма со карактеристична срцевидна основа. Рабовите на листовите се назабени или насечени. Површината на лисната ламина (лиска) е диференцирана, при што горната страна е рапава на допир, додека долната страна е покриена со влакненца (влакнеста).
Соцветие и цвет Растението развива посебни машки и женски соцветија кои се разликуваат по своите димензии: Машките соцветија се со должина од околу 2,5 сантиметри и се поставени на лисни дршки со должина до 1 сантиметар. Женските соцветија се значително помали, односно приближно наполу покуси од машките. Тие имаат куси дршки или се речиси приседнати директно на гранката.
Чашка Цветовите имаат поедноставен цветен оклоп (перијант), каде што ливчињата на перијантот се одликуваат со тоа што се влакнести.
Плод По оплодувањето се развива сложен плод (соплодие) со должина помеѓу 2 и 2,5 сантиметри. Плодовите се месести, со специфична пурпурна до црвеновиолетово боја и содржат темноцрвен сок.
Распространетост Подрачја на природна распространетост на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Азија Западна Азија Иран
Во Македонија Во Македонија се среќава доста ретко, како одгледувано, така и супспонтано (самоникнато во природата). Иако може да се забележи во разни делови на земјата, денес неговата честота е сè помала.
Одгледување и употреба Се смета дека црните дудинки (Morus nigra) потекнуваат од планинските области на Месопотамија и Персија (т.е. Ерменската Висорамниниа). Црната дудинка се сади, и често се натурализира, на запад низ поголемиот дел од Европа, вклучувајќи ја и Украина, и на исток во Кина. Сега тие се широко распространети низ Ерменија, Авганистан, Ирак, Иран, Индија, Пакистан, Сирија, Либан, Јордан, Палестина, Израел и Турција.
Плодот се јаде и дрвото долго време се одгледувало заради него. Често, во овој регион од овошјето се прават џемови и шербети.
Овошјето е присутно во Јужен Левант уште од древно време. Во Макавејските книги, е забележано дека Грците го користеле овошјето за да ги провоцираат своите воени слонови како подготовка за битка против еврејските бунтовници за време на Макавејското востание во 2 век пр. н. е. Овошјето се споменува и во Мишната и подоцнежните рабински текстови. Во 9 век од нашата ера, Ел Кинди го споменал овошјето како плод со лековити семки, додека Ибн Бадис, пишувајќи во 11 век, ја забележал неговата употреба во производството на мастило.
Во Европа, најголемата документирана месна концентрација на црни дудинки може да се најде во лозјата Пуканец во Словачка, кои содржат 470 дрвја од црна дудинка. Приближно 400 дополнителни дрвја можат да се најдат во околните села.
Црната дудинка била увезена во Британија во 17 век со надеж дека ќе биде корисна во одгледувањето свилени буби (Bombyx mori). Во тој потфат бил неуспешен бидејќи свилените буби ја претпочитаат белата дудинка. Сепак, насадите оставиле наследство од големи и стари дрвја во многу дворови на селски куќи. Култиварите, M. nigra „Челзи“ (синоним „Крал Џејмс“) и M. nigra „Ерусалим“ ја добиле наградата за градинарски заслуги од Кралското хортикултурно друштво. И двата вида се женски (F) и самоплодни. Црната дудина била многу користена во народната медицина, особено во третманот на тенија.
Истражувањата за генетската разновидност на над 250 стари црни дудинки во Турција, Иран и Азербејџан не открилке генетска разновидност. Ова укажува дека сите постоечки црни дудинки во претпоставената област на потекло, а исто така и на други места во светот, се клонови. Ова може да биде резултат на размножување со резници и слоевитост, надополнето со образување на апомиктични семиња.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Украсни дрва Категорија:Растителни вапсила Категорија:Овошни дрва Категорија:Јадливи плодови Категорија:Национални симболи на Киргистан Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија