Естонија (порано Viking Sally, Silja Star, Wasa King) — естонски траект на бродската компанија EstLine, изграден во 1979 г. во ФРГ во бродоградилиштето Meyer Werft во Папенбург. Потонал во Балтичкото Море во ноќта меѓу 27 и 28 септември 1994 г., при што исчезнале 757 лица и загинале 95 лица (вкупно 852) од 989 патници и членови на екипажот што се наоѓале на бродот.Дел 7.6 од извештајот на естонско-финско-шведската истражна комисија Ова е најголемата бродска несреќа во мирно време во Европа.

Според своите последици и бројот на жртви, оваа катастрофа може да се спореди само со најголемата поморска трагедија во историјата на Естонија, што се случила на 24 август 1941 г., кога на излезот од талинското пристаниште по напад од германски авиони, најголемиот естонски брод — паробродот Eestirand (македонски: Естонски брег) добил оштетувања и потонал во близина на островот Прангли. На него, бегајќи пред надоаѓачкиот Вермахт, Талин го напуштале неколку илјади луѓе (44 лица загинале при бомбардирањето, а неколку стотици луѓе се фрлиле во морето).

Историја на траектот Траектот бил изграден за финската компанија Viking Line и бил наречен Viking Sally. Тој сообраќал меѓу Турку, Мариехамн и Стокхолм. Во 1986 г. бил продаден на компанијата Silja Line и преименуван во Silja Star, при што ја задржал истата линија. Во 1991 г. со траектот започнала да управува компанијата Wasa Line, која била во целосна сопственост на Silja Line, па под името Wasa King започнал да сообраќа меѓу финскиот град Васа и шведскиот град Умео. Во јануари 1993 г., за да се обезбеди траектен сообраќај меѓу Талин и Стокхолм, шведската компанија Nordström & Thulin и естонската државна компанија Estonian Shipping Company („Естонска бродска компанија“, скратено — ESCo) основале заедничко претпријатие EstLine, кое го купило траектот Wasa King и го преименувало во Естонија.

Бродолом Естонија го напуштила пристаништето во Талин вечерта на 27 септември 1994 г. упатувајќи се кон Стокхолм, во време кога на морето беснеело невреме, а брзината на ветерот надминувала 20 метри во секунда. На полноќ Естонија се разминала на море со траектот на компанијата Viking Line, Мариела), каде што брзината на Естонија ја сметале за превисока. Во час и половина по полноќ од судот бил испратен краток повик за помош, а наскоро бродот исчезнал од радарот на траектот Мариела. Се смета дека испраќач на пораката бил вториот или четвртиот офицер на стража. Од пораката било јасно дека наклонот на бродот во тој миг бил исклучително опасен — 20 до 30 степени, а се слушало и дека на бродот е вклучена сирената за магла за да се разбудат патниците. Траектот потонал меѓу 00:55 и 01:50 часот (UTC+02).

На современите навигациски карти е означено местото на потонувањето на траектот: (длабочина 83 м).

Наводи

Надворешни врски

The Ferry Site: Images of MS Estonia (when she was named Viking Sally and Silja Star) A Sea Story (from The Atlantic)

Категорија:Патнички бродови