Пештера Мовиле () — пештера со изолиран екосистем, сместена во Констанчкиот Округ во Романија, на неколку километри од брегот на Црното Море. Пештерата се образувала пред околу 5 милиони години и долго време била целосно изолирана од надворешниот свет. Во 1986 г. била случајно откриена за време на истражувачки работи за наоѓање место за изградба на електрана.Fox-Skelly, J. The bizarre beasts living in Romania's poison cave : [англ.] : [арх. 31 мая 2021] // BBC. — 2015. — 4 September.
Благодарение на долготрајната изолација, во пештерата се образувал уникатен затворен екосистем.
Микроклима Атмосферата во пештерата многу се разликува од надворешната атмосфера. Процентот на кислород тука изнесува околу 7-10 %, концентрацијата на јаглерод диоксид е многу висока — 2-3,5 %, а содржи и 1-2 % метан. Во воздухот и водата на пештерата е забележана висока концентрација на сулфурводород и амонијак.
Екосистем Екосистемот на пештерата Мовиле е исклучителен. Меѓу 48-те различни видови животни што живеат во неа, откриени се и опишани 33 нови вида за науката, од кои сите се ендемични: претходно непознати видови пијавици, многуноги, пајаци, водни скорпии и други.
Во отсуство на сончева светлина, извор на енергија за пештерската биомаса станале хемиските соединенија, а ланецот на исхрана започнува со хемотрофи.
Уникатноста и биолошкото значење на пештерата Мовиле за научниот свет се условени од нејзината невидено долга изолација од надворешната средина. За да се зачува неповторливиот екосистем образуван пред околу половина милион години, научниците и локалните власти презеле низа мерки. Така, влезот во пештерата е херметички затворен, а на научните истражувања се дозволени само мали групи (не повеќе од 3 лица) научни соработници во посебно заштитни костими.
Литература
Sarbu, S. M. A Chemoautotrophically Based Cave Ecosystem : [англ.] / S. M. Sarbu, T. C. Kane, B. K. Kinkle // Science : спис. — 1996. — Vol. 272, no. 5270 (28 јуни). — P. 1953–1955. — doi:10.1126/science.272.5270.1953.
Наводи
Надворешни врски The Movile Cave Project на Семрежниот архив La Grotte de Movile (фр.) на Семрежниот архив Life in Hell – Survivors of Darkness од Mona Lisa Production, Франција
Категорија:Екосистеми Категорија:Науката во 1986 година