Николаос Филипидис () (Маловиште, XIX век – ?) — гркомански учител и револуционер од влашка народност, еден од основачите на Неја Филики Етерија.
Животопис Роден е во битолското село Маловиште, тогаш во Отоманското Царство, но по потекло е од с. Добра, Берско, уништено при задушувањето Негушкото востание во 1822 г. Работел како директор на грчката гимназија во Кавала. За време на Критското востание, Филипидис ја обиколил цела Македонија, обидувајќи се да го поттикне востание кај грчкото население. Во 1867 година, заедно со Анастасиос Пихеон од Охрид и Јоанис Аргиропулос од Богатско, тој бил еден од основачите Неја Филики Етерија — револуционерна организација чија цел била општо грчко востание во Македонија. За време на Пихеоновата афера, во 1887 г. Филипидис е уапсен заедно со Пихеон.
Наводи
Категорија:Македонски Власи Категорија:Гркомани Категорија:Грчки револуционери Категорија:Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија