Костадин Љубенов Палешутски (р. 8 мај 1939 во Скребатно) — македонски историчар и професор. Претежно познат по неговото истражување на Македонското прашање.
Животопис Костадин Палешутски е роден на 8 мај 1939 година во македонското село Скребатно, Пиринска Македонија. Стекнал основно образование во Грменско. Стекнал више образование во Софискиот универзитет. Дипломирал во 1962 година за Историја. Меѓу 1962-1964 година работел како професор по историја во Неврокоп. Специјализирал во Белград и Загреб меѓу 1966-1967 година. Освен тоа, бил кандидат за историски науки од 1969 година.Чолов, Петър. Български историци. Биографично-библиографски справочник. София, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“, 1999, с. 215.
Во 1971 година, Службениот весник на Народна Република Бугарија изјавила вработување за асистен-историчар. Поточно за новиот век на историјата на Бугарија. Двата кандидати биле Палешутски и Стефан Дојнов од Царева Ливада, Габровско. Дисертација на Палешутски било за Македонското прашање додека на Дојнов било за преродбата во Бугарија. Според тогашниот закон за високо образование, било предвидувано предност за дисертации од иста област. Поради тоа, тогашниот совет било во дилема за дали историјата на македонскиот народ и историјата на Бугарија била заедничка. Како резултат на тоа тие побарале помош од Министерството за образование на Бугарија, добиле одговор дека требало да одлучи Советот на Софискиот факултет. Со таа цел била основана комисија која го донела одлуката: нема заедничка историја меѓу Македонија и Бугарија.
Во 1976 година продолжил со неговото образование во Москва. Од 1975 година сѐ до 1990 година, работел како член на Државната сигурност — огранок на Комитетот за државна сигурност на Советскиот Сојуз.Р Е Ш Е Н И Е № 230/16.06.2011 г. на Комисията за разкриване на документите, стр.69 – 70, ceacbg.com По падот на комунизмот во Бугарија, Палешутски почнал да работи во југозападен универзитет „Неофит Рилски“ во Горна Џумаја.С митинг край гробищата започна демокрацията в Благоевград, agencia.bg, 30.11.2011 г.
Дела
„Македонският въпрос в буржоазна Югославия 1918 – 1941“ (1983). Софија: Българската академия на науките „Югославската комунистическа партия и македонският въпрос, 1919 – 1945“ (1985). Софија: Българската академия на науките „Македонското освободително движение след Първата световна война (1918 – 1924)“ (1993). Софија: Българската академия на науките „Македонското освободително движение 1924 – 1934“ (1998). Софија: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“
Наводи
Категорија:Скребатно (Пиринско) Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Луѓе од Пиринска Македонија Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски преселници во Софија