Кампување — вид рекреација во природа или образование во природа што вклучува ноќевање со основно привремено засолниште, како што е шатор. Кампувањето исто така може да вклучува рекреативно возило, заштитени кабини, постојан шатор, засолниште како бивак или церада, мрежа за лежење или воопшто без засолниште. Обично, учесниците ги напуштаат градските или уредените средини за да поминат време на отворено, извршувајќи активности што им пружат задоволство или како облик на образовно искуство. Поминувањето на ноќта надвор од дома го разликува кампувањето од дневен излет, пикник и други активности на отворено.
Кампувањето како рекреативна активност станало популарно меѓу елитите во раниот XX век. Со текот на времето, неговата популарност се зголемила и меѓу другите социоекономски слоеви. Денешните кампери често ги посетуваат јавните природни ресурси како што се националните и државните паркови, дивите подрачја и комерцијалните кампувалишта. Во некои земји, вклучувајќи ги Шведска и Шкотска, јавното кампување е законски дозволено и на приватно земјиште. Кампувањето е клучен дел од многу младински организации ширум светот, како што е извидништвото, кои го користат за да учат самодоверба и екипна работа. Училишните патувања за кампување исто така имаат бројни придобивки и можат да играат суштинска улога во личниот раст и развој на учениците.
Определба
Академскиот речник за содржини на Кембриџ го определува кампувањето како:
Речникот „Британика“ го определува кампувањето како:
Кампувањето опишува низа активности и пристапи кон сместувањето на отворено. Преживувачите и дивите кампери обично тргнуваат со што помалку опрема за да можат да се снајдат. Други кампери можат да користат специјализирана опрема за кампување дизајнирана да обезбеди удобност, вклучувајќи сопствени извори на енергија и топлина, како и мебел за кампување. Кампувањето може да се комбинира со пешачење, како во пешачењето со ранец, и често се практикува заедно со други активности на отворено, како што се кајакарство, алпинизам, риболов и лов. Брзото планинско пешачење со лесен ранец вклучува и трчање и кампување.
Не постои универзално прифатена определба за тоа што е, а што не е кампување. Исто како и со мотелите, кои опслужуваат и рекреативни гости и деловни гости, истото кампувалиште може истовремено да опслужува рекреативни кампери, училишни екскурзии, мигранти работници и бездомници. Во основа, тоа одразува комбинација од намера и природата на вклучените активности. Детскиот летен камп со оброци во трпезарија и сместување во спални кабини може да има „камп“ во своето име, но не го одразува духот и формата на „кампувањето“ како што е општо разбрано. Слично на тоа, начинот на живот на една бездомна личност може да вклучува многу вообичаени активности за кампување, како што е спиење на отворено и подготовка на оброци на оган, но не ја одразува доброволната природа и потрагата по духовна регенерација, кои се составен дел од кампувањето.
Популарност
САД Според инфографика направена од Red Rover Camping и заснован на податоци од Извештајот за американски кампери за 2014 г., објавен од The Coleman Company, Inc. и Outdoor Foundation, кампувањето во Соединетите Држави добива на популарност по пад од 4,2 милиони учесници во периодот од 2011 до 2012 г.
Обединето Кралство Според податоците обезбедени од Истражувањето за туризам на Обединетото Кралство спроведено од Visit England, британските жители оствариле речиси 4,5 милиони одмори со кампување и караванирање во текот на првата половина на 2015 г., со просек од 3,7 ноќевања. Како и во САД, кампувањето добива на популарност, со зголемување на патувањата од 8 % во споредба со истиот период во 2014 г. Караванскиот клуб и Клубот за кампување и караванирање ги претставуваат камперите во ОК.
Шкотска дозволува „диво кампување“ на приватно земјиште во дивина.
Франција Податоците собрани од Националната федерација за хотелски туризам на отворено (FNHPA) покажуваат дека во 2015 г. биле остварени околу 113 милиони ноќевања во француските кампови, што претставува зголемување од 3,9 % во однос на истиот период во 2014 г. Француските летувалци оствариле 77 милиони од овие ноќевања, додека остатокот го сочинувале други националности, меѓу кои најбројни биле холандските, германските и британските туристи. Француската влада се надева дека до 2030 г. ќе привлекува по 100 милиони туристи годишно. Најпопуларна регија за кампување е Лангдок и Русијон со околу 19.331.663 поминати ноќевања во камповите во текот на 2015 г., додека департманот со најмногу кампови е Вандеја.
Македонија Во Македонија, кампувањето и туризмот во природа сѐ повеќе добиваат на популарност, особено преку развојот на планинскиот туризам, авантуристичките тури и рекреативните активности во Националните паркови Маврово, Пелистер и Галичица. Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на домашни и странски туристи што остваруваат ноќевања во алтернативни сместувачки капацитети, планинарски домчиња и уредени кампувалишта бележи постојан пораст, поттикнат од зголемениот интерес за истражување на природните реткости, екотуризмот и селскиот развој.
Наводи
Надворешни врски Images of historic camping and hiking on the Long Trail, Center for Digital Initiatives, University of Vermont Library Reflections of Summer: Car Camping! Video produced by Oregon Field Guide Letter from Henry Ford to Thomas Edison thanking him for including his family on a camping trip.
Категорија:Вештини за опстанок Категорија:Видови туризам