Trollius europaeus ― повеќегодишно цветно растение од семејството лутичиња, Ranunculaceae. Растението потекнува од Европа и Западна Азија, и е заштитен вид во Русија и Бугарија.
Во Удмуртија, ова растение е еден од националните симболи на републиката, со многу различни нешта именувани по него.Италмас – такой, как алмаз
Опис Trollius europaeus расте до 60 см во височина со светло жолт цвет во форма на топка до 3 см пречник. Шаренитечашкини ливчиња кријат 5-15 незабележителни венечни ливчиња со нектариуми во нивната основа и, типично за семејството, голем број прашници. Секој цвет произведува голем број на збрчкани фоликули. Листовите се длабоко поделени на 3-5 назабени лобуси.
Расте на влажна почва во засенчени места, шуми и грмушки, цветајќи помеѓу јуни и август.
Во Македонија Во Македонија расте по високопланинските пасишта. Често растение е на Шар Планина, а се наведува дека е видено и на Кораб, Бистра, Ниџе и Плеистер.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 95-96, МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Планински растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Лутичиња