Кристијан Торствет (роден на 13 март 1999 г.) — норвешки фудбалер кој игра за Сасуоло и за Норвешка.

Клупска кариера Викинг На 1 февруари 2018 година, Торствет потпишал договор со Викинг со важност од година и половина. Истата сезона, тој бил втор стрелец за Викинг во првата норвешка лига, со 9 постигнати голови, помогнувајќи му на клубот повторно да се врати во норвешката суперлига. Тој бил прогласен за најдобар млад фудбалер во првата норвешка лига во таа сезона. Во следната сезона, 2019, тој бил најдобар стелец на Викинг во норвешката суперлига, со постигнати 10 гола.

Генк На 3 јануари 2020 година, тој потпишал договор со белгискиот прволигаш Генк. Тој постигнал гол во првиот официјален натпревар за Генк, во победата од 3–0 на гостински терен над Зулте Варегем во белгиската Про лига.

На 4 март 2021 година, Торствет постигнал два гола во победата од 4–1 над Мехелен во четвртфинлето од белгискиот куп. Генк подоцна забележал победа над Стандард Лијеж во финалето од купот, освојувајќи ја куп титулата по петти пат во клупската историја. На 20 мај 2021 година, Торствет постигнал хет-трик во победата од 4–0 над Ројал Антверпен.

Сасуоло На 12 јули 2022 година, Торствет потпишал петгодишен договор со Сасуоло.

Репрезентативна кариера Со репрезентацијата на Норвешка до 20 години, Торствет играл на Светското првенство до 20 години во 2019 година во Полска. Тој ги одиграл трите натпревари од групната фаза, асистирајќи на два гола во победата од 12–0 над Хондурас.

Тој го одиграл првиот натпревар за репрезентацијата до 21 година на 6 септември 2019 година против Кипар, во квалификациите за Европското првенство до 21 година. Тој постигнал гол на своето деби. Во ноември 2019 година, тој повторно импресионирал во квалификациите, постигнувајќи два гола против Кипар и еден против Португалија.

На 18 ноември 2020 година, тој го одиграл својот прв натпревар за сениорската репрезентација во ремито од 1–1 против Австрија во Лигата на нации. На 24 март 2021 година, тој го постигнал својот прв гол во победата од 3-0 над Гибралтар во квалификациите за Светското првенство 2022.

Торствет бил именуван во составот од 26 играчи предводен од норвешкиот селектор Столе Солбакен за Светското првенство 2026.

Личен живот Кристијан Торствет е син на поранешниот норвешки репрезентативен голман Ерик Торствет.

Успеси Викинг Куп на Норвешка: 2019 Прва лига на Норвешка: 2018

Генк Куп на Белгија: 2020–21

Сасуоло Серија Б: 2024–25

Поединечни Најдобар млад фудбалер во првата норвешка лига: 2018

Наводи

Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо