Вимблдон 2026 – мажи поединечно - бил третиот тениски гренд слем турнир, кој се одиграл во рамките на тениската сезона 2026.
Турнирот се одражал од 30 јуни до 13 јули во All England клубот во Лондон, Велика Британија.
Во финалето на ова издание, бранителот на титулата Јаник Синер, го совладал Александар Зверев со 6–7(7–9), 7–6(7–2), 6–3, 6–4 со што повторно ја освоил титулата на Вимблдон во машка поединечна конкуренција. Ова била неговата втора титула на Вимблдон во кариерата и вкупно петта на гренд слем турнирите. Зверев пак, станал првиот тенисер роден во 1990-тите кој стигнал до финалето на сите четири големи турнири, и првиот германец кој играл во финалето на Вимблдон по Борис Бекер во 1995.
Со победата во првото коло, Новак Ѓоковиќ ја продолжил својата 21-годишната серија без пораз во првото коло на Вимблдон и станал првиот играч во Опен ерата кој победил во повеќе од 80 натпревари во првото коло на големите турнири. За време на турнирот, тој го надминал рекордот на Роџер Федерер по број на остварени победи во натпревари во машка поединечна конкуренција на Вимблдон, достигнувајќи 107. Четвртфиналниот натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Феликс Оже-Алијасим станал најдолгото четвртфинале во историјата на турнирот, со времетраење од 5 часа и 15 минути. На возраст од 39 години и 49 дена, Ѓоковиќ бил вториот најстар полуфиналист на Вимблдон во Опен ерата, веднаш зад Кен Роузвол во 1974 (на возраст од 39 години и 243 дена).
Британецот, Артур Фери, бил вториот тенисер со вајлд карта кој стигна до полуфиналето на Вимблдон во Опен ерата, по Горан Иванишевиќ во 2001, и првиот британски играч во машка поединечна конкуренција кој со вајлд-карта го сторил тоа на кое било кој гренд слем. На возраст од 36 години и 71 ден, Јан-Ленард Штруф станал најстариот четвртфиналист кој за прв пат стигнал до четвртфиналето на некој гренд слем во историјата на Опен ерата.
Носители
Јаник Синер (победник) Александар Зверев (финалист) Феликс Оже-Алијасим (четвртфинале) Бен Шелтон (прво коло) Алекс де Минор (четврто коло) Телјор Фриц (четвртфинале) Новак Ѓоковиќ (полуфинале) Данил Медведев (трето коло) Флавио Коболи (четвртфинале) Александар Бублик (четврто коло) Каспер Руд (прво коло) Андреј Рубљов (прво коло) Јиржи Лехечка (четврто коло) Лучано Дардери (прво коло) Јакуб Меншик (второ коло) Лернер Тиен (второ коло)
Франсес Тиафо (трето коло) Франсиско Серундоло (прво коло) Карен Хачанов (трето коло) Артур Фис (второ коло) Томи Пол (трето коло) Алехандро Давидович Фокина (четврто коло) Рафаел Ходар (тртето коло) Жоао Фонсека (трето коло) Артур Риндеркнеш (трето коло) Камерон Нори (прво коло) Иго Умбер (прво коло) Брендон Накашима (второ коло) Томас Мартин Ечевери (прво коло) Алехандро Табило (прво коло) Игнасио Бусе (второ коло) Матео Арналди (прво коло)
Жреб
Завршница на турнирот
Горна половина на жребот Сектор 1
Сектор 2
Сектор 3
Сектор 4
Долна половина на жребот Сектор 5
Сектор 6
Сектор 7
Сектор 8
Наводи
Надворешни врски Список на играчи Жреб
2026 Категорија:Вимблдон 2026 мажи поединечно Вимблдон