— манга напишана од Масаказу Кацура. Првично била објавувана како кратка серија од 1989 до 1994 г. Во 1995 г. бил издаден првиот том од мангата. Почнувајќи од 2002 г., мангата почнала постојано да се објавува во списанието Weekly Young Jump, а објавувањето завршило на 24 јуни 2014 г. Врз основа на мангата, студиото TMS Entertainment произвело аниме-серија од 13 епизоди, која се прикажувала од 2 април до 25 јуни 2012 г.
Содржина Дејството се одвива во алтернативна современа Јапонија. Во тајност од јавноста, корпорацијата „Амаги“ создала чудовишта наречени „Играчи“, кои требало да се борат до смрт во арена за забава на богатите. Меѓутоа, еден ден „Играчите“ се побуниле, ја уништиле базата на „Амаги“ и побегнале. Некои од нив решиле да се прикријат како луѓе и мирно да соживуваат, додека други, не можејќи да ги совладаат своите ловечки нагони, ноќе ги убиваат луѓето. Пред уништувањето на лабораторијата, научниците како последица на алгоритамска грешка создале посовршено суштество, кое го нарекле ЗЕТ. За време на бунтот, ЗЕТ сѐ уште бил бебе, а научникот Горо Канзаки одлучил да го одвлечка за да го воспита како човек. Десет години подоцна, ЗЕТ, односно Џин, живее заедно со Горо во импровизирана куќичка со други бездомници, но Горо е убиен од „Играч“. Џин следните 10 години ќе ги помине живеејќи кај Акеми, која претходно ја спасил. Еден ден, претставници на корпорацијата „Амаги“ му предлагаат на Џин да работи за нив, со цел да лови одметнати „Играчи“. Џин се согласува...
Ликови Џин (јап. ジン) / ЗЕТ
Таинствено момче. Џин е резултат на проектот „НЕТ“ на корпорацијата „Амаги“, со кој требало да се создаде совршено суштество за борба и уништување на избеганите „Играчи“. Меѓутоа, бил ослободен од Горо Канзаки, кој сакал Џин да израсне како нормален човек. По смртта на Канзаки, Џин останал со Акеми Каваками сѐ додека не бил сведок на нејзината „смрт“ од рацете на корпорацијата „Амаги“, во нивниот обид да ја вратат својата творба. Џин е способен да се преобрази во суштество познато како „ЗЕТ“, мутант што поседува натчовечки способности, но честопати е погрешно заменуван за друг „Играч“. Преобразбата е бавна, иако може да се забрза поради краен бес и услови.
Наводи
Надворешни врски
Матична страница на анимето
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2002 година