мини|Клавиши на клавијатура Клавиш — првично механички контролен елемент кој се управува со притисок. Кога притисокот ќе се ослободи, клавишот се враќа во првобитната положба, со што функционира како тастер.

Клавишите обично не се користат поединечно, туку се комбинираат во групи. Заедно тие образуваат клавијатура. Клавишите обично не се означени. Ако копчињата се управуваат со нога, таквата клавијатура се нарекува педална клавијатура.

Механички клавиши Најстарите клавиши се наоѓаат кај клавијатурните музички инструменти. На пример, кај пијано, притискањето на клавишот механички се пренесува на чеканче кој удира на жица, додека кај оргули, притискањето на клавишот отвора вентил на одредена цевка.

Електрични клавиши Електричните клавиши најчесто функционираат како прекинувачи со различни дизајни на електричното коло.

Клавишите на некои електронски музички инструменти, исто така, даваат информации за силата и динамиката на притискање на клавишот, што потоа може да влијае на интензитетот или бојата на генерираните тонови.

Наводи

Категорија:Клавијатурни инструменти