Euphorbia virgata е вид млечка кој потекнува од Европа и Азија и е воведена во Северна Америка, каде што е инвазивен вид.

Опис Повеќегодишно голо тревесто растение, до 100 цм високо, во горниот дел со повеќе стерилни гранчиња ои се покуси од главниот изданок, а под самиот штит со голем број пазувни зраци.

Листовите по стеблото спирално распоредени, голи, темнозелени, линејно-копјести, 5-10 цм долги, 2-10 мм широки, на врвот тапи , целокрајни, во основата скоро одеднаш се стеснуваат. Листовите на стерилните гранчиња тесни, на врвот заострени. Листовите во основата на штитот линејно-копјести, до јајцевидни, листовите во основата на штитчињата јајцевидно-ромбични до широко-срцевидни, на врвот зашилени. Штитот со 5-9 зраци, дихотомно разгранети 1-2 пати.

Обвивката на циатумот 3 мм долга, ѕвонеста, гола, жлездите 4 елиптични, со долги и на врвот проширени рокчиња.

Кутијката околу 2,5-3 мм долга, со 3 длабоки надолжни бразди, по средината на карпелите со ситни точкасти брадавички.

Столпчињата до 1,8 мм долги, во основата 1/3 сраснати, а на врвот 1/3 насечени на 2 дела.

Семките јајцевидни, до 2 мм долги, сиви или кафеаво-сиви, мазни.

Распространетост во Македонија E. virgata расте во ниви, ендеци, покрај железнички пруги и патишта. Позната за околината на Скопје - с. Орешани и с. Кожле; Куманово - с. Опаје; Таорска Клисура, околината а Прилеп, Битола, железничка станица Овче Поле; Демир Капија; клисурата на р. Радика - с. Ростуше. Се посочува за Битола, Прилеп, Плетвар, Кавадарци - р. Раец; Прилеп - с. Тројци, Куманово, Велес, Штип, Струмичко, Скопје - Радуша.

Мешање со Euphorbia esula Често се меша со Euphorbia esula. Euphorbia esula е ограничена на одредени делови од Европа и не се смета за плевел, додека E. virgata се може да се најде низ целите САД и Канада и предизвикува значителни економски и еколошки влијанија. E. virgata најмногу се разликува од E. esula по листовите, кои се 6-15 пати подолги отколку широки со рабови кои се (скоро) паралелни во средината на листот, додека листовите на E. esula се пошироки кон врвот, обично 3-8 пати подолги отколку широки, со рабови кои не се паралелни во средината на листот. Покрај тоа, врвот на E. virgata е обично акутен, а основата е скратена за да се ослабне, додека врвот на E. esula е заоблен или субакутен, а основата е постепено ослабена или клинеста. Споменувањата на E. esula во северноамериканската флора и литературата за инвазивни видови сега се заменети со E. virgata.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија