Euphorbia helioscopia е вид цветно растение од семејството млечки. Тоа е зелјесто едногодишно растение, по потекло од поголемиот дел од Европа, северна Африка и источно низ поголемиот дел од Азија.Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe.

Опис Euphorbia helioscopia е едногодишно растение кое расте на обработливо земјиште. Расте до 10–50 см високo, со едно, исправено, стебло без влакна, кое се разгранува кон врвот. Листовите се спирално распоредени, обратно-јајцевидни, во основата клиновидно стеснети, 2-4 пати подолги отколку широки со назабени рабови.

Штитот обично со 5 зраци и со ретки влакна, секој зрак трихотомно разгранет, а понатаму дихотомно се разгранува.

Обвивката на циатумот 2- 3 мм долга, ѕвонеста 4-делна, слободните делови фистоновидно насечение, со трансферзални овални жлезди помеѓу.

Кутијката2,5-3,5 мм долга и мазна, Столпшињата до основата слободни на врвот плитко всечени. Семките 1,8-2,5 мм долги, кафеави со мрежесто набршкана површина.

Цветовите се мали, жолто-зелени, со две до пет базални прицветници слични на листовите, но пожолти. Цветањето трае од средината на пролетта до крајот на летото.

Слични видови вклучуваат Euphorbia rhabdotosperma, која има изглед на E. helioscopia со помали делови и различна површина на семето (Иран, Северен Кавказ, Закавказ, Турција, Туркменистан).

Распространетост во Македонија Растението е широко распространето во Македонија до 1200 м надморска височина.

Употреба Активните состојки екстрахирани од Euphorbia helioscopia се користат во фармацевтската индустрија. Растението се користи и во традиционалната кинеска медицина.

Откриено е дека неговиот екстракт го инхибира хепатоцелуларниот карцином in vivo кај глувци.

Хемија Euphorbia helioscopia содржи токсични дитерпени и дитерпеноиди и форболни естри. Овие супстанции се иританти за кожата. Растението се смета за отровно кога се јаде сурово. По јадење може да се појави гадење, алергиски реакции, иритација на кожата и повраќање.

Голем број танини може да се најдат во E. helioscopia. Хелиоскопинин-А покажува антиалергиски и антиастматични дејства кај заморчиња. Се претпоставува дека ова соединение ги врши своите дејства преку антагонизам на реакциите предизвикани од леукотриен D4.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Африка Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија