Trifolium pallidumZohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem.Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al.von Waldstein,F. & Kitaibel,P., 1800 Pl.Rar.Hung.Vol.1 — вид на детелина опишана од Франц де Паула Адам фон Валдштајн-Вартемберг и Пал Китаибел. Видот се јавува во Македонија и повремено во Шведска, но не се размножува таму.Dyntaxa Trifolium pallidum Во Каталогот на живот не се наведени подвидови.

Опис Растението е едногодишно или двегодишно, високо 15–40 см, разгрането уште од основата и по целата должина, при што секое гранче завршува со соцветие. Стеблото е исправено или приподигнато и по површината покриено со прилегнати влакна. Базалните листови имаат дршки двапати подолги од листната плочка, кои кон врвот на растението постепено се скратуваат, а најгорните листови со своите дршки го обвиваат соцветието. Листовите се долги 10–20 мм, обратнојајцевидни до широкоелиптични, со тап врв и ситно назабен раб. Од двете страни се покриени со прилегнати влакна. Прилисниците се влакнести, долгнавесто-јајцевидни до долгнавести, белузлави, со испакната мрежа од жили и постепено се стеснуваат во долг, речиси шилест врв.

Соцветијата се јајцевидно-топчести или топчести, широки 15–20 мм, приседнати или делумно обвиени од проширените влакнести прилисници на двата најгорни листа. Цветовите се густо збиени и се без прицветници.

Чашката е долга 5–6 мм. Нејзиниот трубест дел има десет жили и е густо покриен со полураширени влакна, а на внатрешната страна, околу отворот, има прстен од долги влакна. Запците на чашката се приближно еднакви по должина, долги 3–4 мм, тенки, шиловидни, во основата триаголни, со три до пет жили и по работ покриени со полураширени или раширени влакна. Венчето е бело, кремаво или светлорозово. Барјачето е долго 10–12 мм и широко околу 3 мм, благо закривено нагоре. Крилцата се 1,5–2 мм покуси од барјачето, а лаѓичката е околу 1 мм покуса од крилцата. Плодот е мала мешунка сместена во чашката и обично содржи едно семе.

Распространетост во Македонија Trifolium pallidum расте по брдски пасишта, ливади, грмушести состоини, покрај патишта и шумски состоини на надморска височина до 1200 метри. Растението се среќава околу Катлановско Блато и Петровец во Скопје, Македонски Брод, Плетвар во Прилеп и Пробиштип.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Детелина Категорија:Флора на Македонија