Asplenium adiantum-nigrum е вообичаен вид папрат. Се наоѓа претежно во Африка, Европа и Евроазија, но е автохотно и на неколку локации во Мексико и САД.

Опис Оваа Aspleniaceae има дебели, триаголни листови долги до 10 цм поделени на неколку сегменти. Се наоѓа на црвеникаво-зелена дршка, а рахисот е сјаен и малку влакнест. Долните страни на секој сегмент од листот имаат еден или повеќе спори распоредени во синџири.

Таксономија Линеј бил првиот што го опишал растението со биномниот Asplenium adiantum-nigrum во неговото дело „Species Plantarum“ од 1753 година.

Филогенијата на хлоропластите го потврдила алополиплоидното потекло на Asplenium adiantum-nigrum, со А. cuneifolium кој го снабдува татковиот геном и A. onopteris мајчиниот геном.

Распространетост

Asplenium adiantum-nigrum е автохотно во: Африка

Северна и Јужна Африка во: Алжир; Лесото; Мароко; покраините на Јужна Африка, вклучувајќи го Источен Кејп, Фри Стејт, Гаутенг, Квазулу-Натал, Лимпопо, Мпумаланга, Северен Кејп и Западен Кејп; и Тунис.

Азија

Југозападна Азија и Средна Азија во Кавказ; Азербејџан; Кипар; Синајскиот Полуостров во Египет; Киргистан; Северен Кавказ и Дагестан во Русија; и Турција.

Европа

Албанија; Австрија; Белгија; Бугарија; Македонија; Чешка; Данска; Финска; Франција (вклучувајќи ја Корзика); Германија; Грција; Унгарија; Ирска; Италија (вклучувајќи ја Сардинија); Холандија; Норвешка; Полска; Португалија, Романија; Шпанија; Шведска; Швајцарија; Украина (вклучувајќи го Крим); Обединетото Кралство; и на Балканскиот Полуостров (поранешна Југославија)

Макаронезија

Макаронезиски архипелази: Азори, Мадејра, Канарските Острови.

Северна Америка

Југозападен дел на САД – Аризона, Колорадо и Јута

Океанија

Хаваи

На Хаваи, оваа автохтона папрат расте на лавински текови, и е присутна во Националниот парк Хавајски вулкани.

Во Македонија Во Македонија е многу често растение, и расте по влажните карпи и корењата на дрвјата, и тоа пред сè во шумскиот појас, каде се искачува на надморска височина до 1500 метри.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 56, МАНУ, Скопје, 1985

Наводи

Надворешни врски

Профил на растенијата на USDA - Asplenium adiantum-nigrum

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Слезенка Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија