Trifolium michelianum — вид на бобови опишана од Гаетано Сави. Според Каталогот на животот видот е вклуче во родот детелина и семејството бобови. Видот се јавува ретко во Македонија и повремено во Шведска, но не се размножува таму.Dyntaxa Trifolium michelianum
Oпис Trifolium michelianum е едногодишно, голо (без влакна) растение, високо до 50 см и силно разгрането. Стеблото е најчесто шупливо, дебело 2–5 мм, стеснето кај јазлите и е обично искривено или полегнато. Базалните листови имаат многу долги дршки, достигнувајќи до 10 см, кои кон врвот на растението постепено се скратуваат, но остануваат подолги од листната плочка. Листовите се долги 10–30 мм, обратнојајцевидно-клиновидни, со рамен или плитко всечен врв и ситно назабен раб со зашилени запци. Прилисниците се јајцевидни и завршуваат со повеќе или помалку заострен врв.
Соцветијата се топчести, со пречник до 30–35 мм и составени од умерен број цветови. Дршката на соцветието е долга колку соодветниот пазувен лист или малку подолга. Цветовите се поставени на долги дршки, кои кај прецветените централни цветови достигнуваат до 8 мм должина, односно се пет до осум пати подолги од трубестиот дел на чашката. По прецветувањето, цветовите се спуштаат надолу. Прицветниците се мали, бели, копјести и долги околу 1 мм.
Чашката е долга 6,5–7 мм. Нејзиниот трубест дел е долг околу 1,5 мм, а запците се линејно-шиловидни и три до четири пати подолги од трубестиот дел. Најгорните запци достигнуваат должина од околу 5 мм, страничните околу 4,5 мм, а најдолниот околу 3 мм. Венчето е розово. Барјачето е долго 10–11 мм, крилцата се околу 2,5 мм покуси од него, а лаѓичката обично е долга колку крилцата.
Плодот е округла до јајцевидна мешунка, покриена со ретки и тенки влакна, која најчесто содржи две семиња. Семките се долги 1,75–2 мм.
Подвидови Видот е поделен на следниве подвидови:
Т. m. balansae T. m. michelianum
Распространетост во Македонија Растението е ретко и рате на блатни и влажни ливади. Познати местоположби каде се среќава се: селата Кривогаштани и Чепигово во Прилеп, Моноспитвско Блато во Струмица и помеѓу селото Стојаково и Богданци во Гевгелија.
Наводи Zohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem. Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al. Savi,C.G., 1798 Fl.Pis.Vol.2
Надворешни врски
Категорија:Детелина Категорија:Флора на Македонија