̣̻Trifolium strictum (синонимː Trifolium laevigatum)Zohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem.Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al.Linnaeus,C.von, 1755 Cent.Pl.Vol.1 — вид на бобови опишан од Карл Линеј. Според Каталогот на живот Trifolium strictum е вклучен во родот детелина и семејството бобови. Видот се среќава во Македонија и повремено во Шведска, но не се размножува таму.Dyntaxa Trifolium strictum Во Каталогот на животот не се наведени подвидови.
Опис ̣̻Trifolium strictum е едногодишно растение и достигнува височина од 5 до 15 см. Во горниот дел е разгрането, а стебленцата се тенки, голи и исправени. Базалните листови имаат лисни дршки двапати подолги од листната плочка, додека кон врвот на растението листовите постепено стануваат покуси и помалку изразени. Листовите, како и лисните дршки, се голи, и се долги 8–16 мм и имаат заоблен врв. Најгорните листови се копјести, а во горниот дел на работ се ситно назабени. Страничните жилки завршуваат со цврсти шилести делови и со жлезди на врвот на запчето.
Прилисниците се релативно големи, јајцевидни или ромбични, со цел раб или со ситни запци во горниот дел. Тие се бели, а на врвот зелени, при што запчињата носат жлезди. Соцветијата се јајцевидно-топчести и псевдотерминални или се развиваат во пазувите на листовите, носени на долги дршки кои се двапати подолги од пазувниот лист.
Цветовите се мали и збиени, а во основата имаат широки лушпести прицветници кои се малку подолги од цветните дршки. Чашката е гола и долга околу 5 мм. Нејзиниот ѕвонест дел има десет жили и е долг околу 2 мм, а со созревањето на плодот се проширува. Запците на чашката се тесно триаглесто-шиловидни, малку раширени, со должина од околу половина до една третина од должината на чашката. Венчето е розово до бледовиолетово, долго 5,5–6 мм и малку се издолжува по цветањето. Барјачето е долго околу 1 мм, приближно двојно пократко од крилцата, додека лаѓичката е долга околу 0,5 мм. Плодот е мешунка, приближно двојно поголема од чашката, кусо кружеста и странично сплескана, со две семиња.
Распространетост во Македонија Расте на брдски пасишта на надморска височина до 1500 метри, претежно врз силикатна подлога. Овој вид се среќава во селата Големо Коњари и Чепигово, на Маркови Кули и манастирот Трескавец во Прилеп. Во Битола на Црновршка Река, во околината на Пехчево, во Струмица во селото Банско, на планината Бистра над селата Галичник и Кнежино, на Кожуф кај Смрдлива Вода. А според Борнмилер во 1925 година видот исто така се среќава кај Пелистер во клисура кај селото Ротино, а според Владо Матевски во 1994 година на Селечка Планина кај Слива и селото Дуње, а во 1995 година на планината Добра Вода кај Белези.
Наводи Zohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem. Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al. Linnaeus,C.von, 1755 Cent.Pl.Vol.1
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Детелина