Димитриос Адам Питенис () — зограф и иконописец од XIX век, претставник на Самаринската школа.

Животопис Роден е во големото влашко село Самарина, Гребенско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Живописал многу цркви во XIX век. Негово дело се фреските во црквата „Св. Димитриј“ во селото Милотин, Кожанско од 1866 г. Во 1877 г. Питенис одново ги насликал оштетениот дел од живописот во наосот и нартексот на „Успение на пресв. Богородица“ во с. Калјани. Негово дело се и фреските во црквата „Св. Јован Претеча“ во Велишта, Населичко од 1880 г.

Неговиот син Георгиос исто така бил истакнат зограф. Заедно насликале многу цркви во Бугарија.

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Самаринската школа Категорија:Македонски Власи