Лаконски жедник () — вид цветно тревесто растение кое припаѓа на родот Жедник (Sedum) од семејството Дебелци (Crassulaceae).

Опис и распространетост Ова е ниско растение без влакна, високо од 5 до 15 см. Цветните стебленца се исправени, неразгранети или разгранети од основата, при основата свиени во лак, со густо поставени листови. Листовите се тесни, копјести до линејни, речиси цилиндрични, долги 5-8 мм, на врвот заоблени, во основата со шпоресто продолжение, распоредени спирално и преклопени, често со црвенкава боја. Цветовите се собрани во 2 или повеќе кратки цимозни соцветија со 1-6 цветови, понекогаш има само едно соцветие, а под нив, во пазувите на листовите, се развиваат кратки цимозни гранчиња со 1-3 цветови. Цветовите се составени од 5 делови, речиси приседнати или со многу кратки дршки. Ливчињата на чашката се јајцевидни, долги 2-3 мм, со заоблен врв. Венечните листови се светложолти, најчесто со црвена средна жила, долги 3-5 мм, копјести и завршуваат со остар врв. Има 10 прашници, со бели кончести филаменти и жолти антери. Мешунчињата се пократки од венечните листови, делумно распоредени и без влакна. Столпчињата се тенки и долги 0,5-0,8 мм.

Расте на варовнички карпести терени, на надморска височина околу 2000 метри. Овој вид се среќава единствено на планината Галичица.

Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови:

Sedum laconicum laconicum Sedum laconicum pallidum Галерија

Наводи

Категорија:Жедник Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа