Мајелски жедник () — вид повеќегодишно цветно тревесто растение кое припаѓа на родот Жедник (Sedum) од семејството Дебелци (Crassulaceae). Видот за првпат е опишан од италијанскиот ботаничар Микеле Теноре. Наречен е по планината Мајела во Средните Апенини, Италија.
Опис и распространетост
Ова е голо растение, со тенок разгранет ризом што ползи, има неколку цветни стебла и стерилни гранчиња при основата. Стеблата се исправени, високи 6-10 см, при основата свиени во лак, со ретко поставени листови кои се спирално или наспрамно распоредени. Листовите се издолжени обратно-јајцевидни, долги 6-8 мм, месести, плочести или полуцилиндрични, со тап врв; кај вегетативните гранчиња листовите се речиси округли и плочести. Цветовите се петчлени, со дршки, собрани во ретко гроздовидно соцветие со 5-15 цветови. Ливчињата на чашката се триаглести, долги околу 1,5 мм, најчесто завршуваат остро и се зелени. Венечните листови се копјести, долги 3-4 мм, остро завршуваат, бели или бледо розови, со три розови жили. Има десет прашници, со тенки бели филаменти и виолетови антери. Мешунчињата се без влакна, исправени и со тап завршеток, а имаат и кратки столпчиња.
Расте на варовнички карпести терени, на височини од 1000 до 2500 метри. Се среќава на планините Јакупица, Шар Планина, Кораб, Бистра, Дешат-Крчин, Јабланица и Галичица. Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Жедник Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа