Isopyrum thalictroides е вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е Европа, расте и во Македонија.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 96, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение високо до 30 см, голо и неразгрането. Пизомот е ползечки, а стеблото во долниот дел е без листови. Цветовите се во пречник 10-20 мм, а плодот се состои од две мешунки долги до 10 мм.

Во Македонија Во Македонија расте по влажни и засенчени широколисни шуми. Се наведува само за Шар Планина, Скопска Црна Гора, Жеденска Клисура и планината Бабуна.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Лутичиња Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија