Thalictrum simplex — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.
Неговиот домороден опсег е умерената Евроазија. Во Македонија расте по влажни и шумски ливади и претставува доста ретко растение.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 151, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Многугодишно растение високо 40-120 см, со долг и тенок хоризонтален ризом. Стеблото е вертикално, неразгрането, голо или со ретки жлездести влакна, со надолжни ребра и со листови по целата должина. Листовите имаат триаголна или издолжено јајцевидна форма. Соцветието е речиси издолжено, страничните гранчиња се куси, прави и свртени нагоре.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Евроазија Категорија:Лутичиња Категорија:Лековити растенија