Стела Нисим Камхи ( во —во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.
Животопис Од 1941 година била член на воспитна младинска група, а во 1942 година и член на СКОЈ. Кон крајот на истата година била избрана за член на КПЈ. Била секретар на скоевска група и водела воспитна група на жени Еврејки. Активно учествувала во собирањето на народна помош за илегалците кои живееле во еврејските семејства. Плетела и шиела за борците во НОВ. Со желба да се приклучи кон единиците на НОВ и ПОМ и неуспевајќи навреме да се засолне, на 11 март 1943, од страна на бугарскиот фашистички окупатор била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска. Задушена е во гасна комора.
Поврзано Викторија Камхи
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна