Абрахам Мауриц Бер (18 јануари 1951 – 8 декември 1982) бил суринамски новинар. Ја објавил брошурата „Црвените Суринамци“ и го уредувал неделникот „Мокро“. Исто така, ја основал (24 јуни 1973) и ја предводел Хоџаистичката комунистичка партија на Суринам (КПС) и бил противник на воената диктатура на Деси Баутерсе. Бер бил убиен заедно со 14 други истакнати противници на Баутерсе на 8 декември 1982 година, во инцидент познат како декемвриските убиства.
Биографија Во младоста, тој бил виолинист во филхармонијата, а потоа работел како наставник по математика. Обучувал неписмени, организирал штрајкови и протестни акции на работници кои барале подобри услови за работа.
Бер бил добро познат новинар и публицист во земјата. Тој бил уредник на весникот „Мокро“. Од 1970 година, тој го уредувал антикапиталистичкото списание „Црвените Суринамци“, кое се спротивставувало на „колонијалниот империјализам“ на Соединетите Американски Држави. Покрај новинарството, тој пишувал книги. На 24ти јуни 1973 година, станал еден од основачите на Комунистичката партија на Суринам.
Бер првично го поддржал воениот удар извршен на 25ти февруари 1980 година, но потоа станал еден од водечките противници на режимот на Деси Баутерсе. Тој бил постојано апсен.
На 7ми април 1982 година, бил уапсен затоа што напишал книга за злосторствата извршени од војската. На 8ми декември 1982 година, заедно со 14 други противници, бил убиен од војската во тврдината Зеландија. Бил погребан на гробиштата „Анет Хоф“ во Парамарибо на 13ти декември 1982 година.
Во 1996 година, братот на Брам, Хенри Бер, имал разговор со Пол Багвандас, еден од војниците кои учествувале во воениот удар, кратко пред неговата смрт. Багвандас му признал на Хенри Бер дека лично бил вмешан во убиството на неговиот брат. Тој изјавил дека Баутерсе ги нарачал сите убиства и дека тој учествувал во две од нив. Хенри Бер снимил дел од разговорот на лента, која, сепак, била изгубена откако ја предал на организација за човекови права.
Наводи
Литература Дју, Едвард М. Проблемите во Суринам, 1975-1993. Вестпорт: Прагер, 1994.
Надворешни врски Меѓуамериканска комисија за човекови права. „Извештај за состојбата со човековите права во Суринам“ (5 октомври 1983 година)
Категорија:Починати во 1982 година Категорија:Родени во 1951 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Суринам