Музејски културен центар „Лапидариум“ или само „Лапидариум“ — археолошки музеј во градот Охрид, Република Македонија. Музејот е дел од Заводот за заштита на спомениците на културата и Народниот музеј во Охрид. Центарот е изграден по повод јубилеите „485 години од постоењето на општиот музеј на Охридската архиепископија“ (1516 година) и „50 години од основањето на Народниот музеј во Охрид“ (1 мај 1951 година) како и по повод Светскиот ден на музеите, 18 мај.
Местоположба Музејот се наоѓа на улицата „Цар Самуил“ број 62, во западното двориште на Куќата на Робевци. Објектот е вклопен во висинските разлики на просторот.
Намена и опфат Намената и функцијата на музејскиот културен центар „Лапидариум“ е проектирана екстериерно и ентериерно делумно како вистински лапидариум каде се презентираат епиграфски споменици и други изворни артефакти. Архитектонскиот изглед е целосно вклопен во околниот музејски простор со вградени и поставени оригинални камени и мермерни елементи кои припаѓаат на античкото и ранохристијанското раздобје. Ентериерниот простор е опремен со современи елементи за да служи како центар за презентација и продажба на пропаганден и стручен публикуван музејски материјал и презентација на значајни и атрактивни сувенирски предмети изработени како копии од оригинални археолошки, етнолошки, нумизматички и други видови уметнички предмети.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Музеи во Македонија Категорија:Охрид