Двогодишен лен или блед лен () — цветно растение од семејството на леновите (Linaceae) домородно за Средоземјето (со Македонија) и Западна Европа на север до Англија и Ирска.

Ова е двогодишно или повеќегодишно растение кое расте на суви и сончеви варовнички или неутрални тревишта од морското ниво, па сè до 1000 м.н.в. Има долги тесни стебла високи до 60 см и тенки листови долги 1,5–2,5 см. Цветовите имаат пет венечни ливчиња, имаат речиси заоблен облик и долги се 1 см; по боја се бледосини, но со потемни риги. Цути доцна напролет и во текот на летото (во поумерени краишта). Цветовите се двополови и претежно самооплодувачки.

Двогодишниот лен се смета за веројатен потомок на питомиот лен, и од стеблото може да се прават влакна. Понекогаш се одгледува како градинарско растение.

Растеинето е внесено во Чиле. Доведено е и во Северна Америка, каде е одомаќинет на тихоокеанското крајбрежје од Орегон до средишниот брег на Калифорнија и во Пенсилванија; се среќава и на Хаваите.

Во Македонија Во Македонија двогодишниот лен расте на ридски пасишта и во дабови шуми.

Познат за Скопско — с. Идризово, с. Петровец и Катлановска Бања; Жеденска Клисура; Таорска Клисура; клисура на р. Пчиња; пл. Галичица; Битолско — Црновршка Река; околината на Прилеп; Богданци и кај ез. „Паљурци".

Се посочува за Струмичко — с. Габрово (Стојанов, 1921); Валандовско — с. Удово, Кавадаречко — с. Мајден, Дојранско — поранешното с. Асанли и с. Николиќ (Bornmüller, 1925, 1928); Скопска Црна Гора (Групче 1958); пл. Бабуна (Šmarda, 1968).

Наводи

Литература Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Illustrated Flora of Britain and Northern Europe. Hodder & Stoughton. Huxley, A. (1992). New RHS Dictionary of Gardening vol. 3: 93. Macmillan.

Надворешни врски

Фотогалерија

Категорија:Лен (род) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Влакнодајни растенија Категорија:Таксони опишани од Филип Милер