Corylus jacquemontii или жакмонова леска — вид леска, кој се среќава во Азија, во рамките на Хималаите, од Авганистан до Западен Непал.
Тоа е мало дрво или грмушка, со сива кора, овални или обовални листови во облик на солза, мали цветови и мали плодови (лешник) што се јадат, групирани во мали гроздови.
Се користи на многу начини, не само како извор на гориво, храна (за добиток) и дрва, туку дрвјата даваат и плод кои може да се користи за човечка исхрана или за употреба во народната медицина.
Опис Corylus jacquemontii претставува средно големо, исправено растечко, листопадно дрво кое расте 15-25 м во височина.
Има бледосива, или темносива кора со длабоки вертикални пукнатини што можат да помогнат да се одвои на мали плочи слични на плута.
Младите гранчиња се жолтеникаво-сиви, прилично ретко влакнести (покриени со кратки, меки влакна) и со подолги, жлездести влакна подоцна во животот.
Во Индија цвета напролет, помеѓу март и април, а на други места помеѓу април и мај. Цветовите се многу мали, машките ресички се долги 2-4 см, а женските класови се појавуваат пред лисјата.
Листовите се долги од 6-15 см и широки од 5-12 см кои се широко овални, или во облик на солза, листот е заострен покрај долгиот врв. Тие имаат двојни назабени рабови и се голи одозгора (мазни) и влакнести под вените подолу со кратко петелка во должина од 12 до 25 мм и воедно листовите се распоредени наизменично.
Произведува оревест плод, помеѓу септември и октомври и се произведуваат во групи од 2–3Jules Janick and Robert E. Paul (Editors) и се сферични (заоблени), 12-16 мм широки и со дебела обвивка.
Јаткастите плодови лесно се одвојуваат од лушпата.
Corylus jacquemontii генерално наликува на дивата леска (Corylus colurna), но е помало дрво, со потенка кора, поголеми листови, е помалку жлездесто и има помалку месести лушпи, а исто така има помалку јаткасти плодови по грозд.Jules Janick and Robert E. Paul (Editors)
Биохемија Во 2003 година, Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) ги признала јадливите јаткасти плодови како храна која е „здрава за срцето“, а честото внесување јаткасти плодови е поврзано со низок ризик од кардиоваскуларни заболувања и рак (Surh 2003; Hertog et al. 1993; Ness and Powles 1997).
Преовладувачките феноли се акумулираат во зрната Corylus avellana, а нивните нуспроизводи се катехин, гална киселина, синапинска киселина, кофеинска киселина, p-кумаринска киселина, ферулинска киселина, нивните естри и флавоноиди. (Shahidi et al. 2007; Del Rio et al. 2011).
Различни други биоактивни феноли се карактеризирани и во листовите и фолијарните пупки од леската (Oliveira et al. 2007).
Седум полифенолни соединенија (галска киселина, катехин, епикатехин, кверцетин, кемпферол, ширагинска киселина и п-кумаринска киселина) биле пронајдени во оревите на Corylus jacquemontii.
Сокслетовата екстракција била употребена во 2022 година со цел да се добијат различни екстракти (вклучувајќи нафтен етер и ацетон) од плодот.
Таксономија Латинскиот специфичен епитоет jacquemontii се однесува на францускиот ботаничар и геолог Виктор Жакмон (1844–1912) кој патувал на Хималаите во 1830 година и им наложил на локалните уметници да го нацртаат дрвото, а еден од тие цртежи му бил даден на индискиот шумар Хју Клегхорн во 1860 година.
Првпат бил објавен и опишан од Жозеф Декенс во В. Жакмон, Патување во Индија, том 4, табела 160 помеѓу 1835 и 1844 година.
Тесно поврзан со C. colurna, и некогаш се сметал за само подвид од некои ботаничари или синоним, пред подоцна да биде прифатен како посебен вид.
Било откриено дека Corylus jacquemontii се разликувал од C. avellana пред околу 4-6 милиони години.
Тоа било прифатено име од страна на Кралското хортикултурно друштво, а исто така било потврдено и од Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави и Службата за земјоделски истражувања на 2 јануари 2003 година.
Распространетост и живеалиште Corylus jacquemontii е домородно од умерените и тропските области помеѓу Европа и Централна Азија.
Ареал Се наоѓа во западна Азија во рамките на Авганистан, тропска Азија во рамките на Индија (во државите Химачал Прадеш, Џаму-Кашмир, Утараканд), Хималаите и Непал, а некои извори го додаваат и Пакистан.
Живеалипште Расте во влажни дабови шуми и грмушести предели и се наоѓа на надморски височини помеѓу 1,800-3000 метри во горните планински зони.
Употреба Плодот од растението се користи на многу начини, не само како огрев во домовите, сточна храна (за добиток), туку и за исхрана на луѓето, како и на дивите животни.
Јадливите плодови од C. jacquemontii и Corylus colurna често ги консумираат локалните жители како што се хималајските народи Пангвал и Бхот од Химачал Прадеш.
Од семето се добива и масло за јадење, а јаткастиот плод се користи и како додаток во разни јадења.
Во 60 години на 19 век, индискиот шумар Хју Клегхорн запишал дека плодови од овој вид се продавале на пазарот во Шимла, Химачал Прадеш, Индија.
Исто така, дивите животни како што се птиците, инсектите итн., исто така се хранат со плодот на видот и откако ќе паднат на земја, тие можат да бидат изедени и од мали глодари како пика (како што е Ochotona macrotis), летачки верверички, стаорци, па дури и од хималајската кафеава мечка (Ursus arctos isabellinus).
Листовите и младите изданоци се потстрижуваат (долу) за употреба како сточна храна, и како извор на гориво заедно со јавор и даб Quercus semecarpifolia во Западните Хималаи.
Се користи во народната медицина како масло за масажа (направено од плодот), кое се користи за ублажување на мускулните болки.
Кората од јаткасти плодови се користи како боја, а екстракт добиен од пупките, цветовите, листовите, јаткастите плодови и кората (на дрвото) со техника на изолација и прочистување, кој потоа може да се користи за хидратација на кожата и мобилизирање на течноста во ткивото на кожата, а воедно и дренирање на течноста од таквите ткива (што може да ги намали отечените очи) кога се нанесува на кожата.
Екстрактите од масло од семе се тестирани и за ин витро антигабична активност против габични патогени како што се Aspergillus niger, Aspergillus fumigates и Penicillium marneffei, при што се добиле позитивни резултати.
Одгледување Овој вид се одгледува поради неговото јадлив плод во Азија, а потоа видот се проширил низ целиот свет, но главно во земји како што се Турција, Италија, Шпанија, Франција, Грција, Индија, Иран, Азербејџан и Кина.
Генерално е лесно одгледувачко растение, бидејќи успева во повеќето почви, но генерално е попродуктивно кога се одгледува на почви со умерена плодност.
Бидејќи помалку добро се снаоѓа во богати, тешки или сиромашни почви, тоа расте добро и во глинеста почва и е многу погодно за алкални почви, но не толерира многу кисели почви (pH под 7).
Дрвјата Corylus jacquemontii се исто така доста отпорни на ветер и како и другите членови на овој род, тие можат добро да издржат пресадување и лесно се преместувани дури и кога се релативно големи дрвја.
Тие се отпорни на студ според Зона 5 на отпорност на USDA со издржливост од -28.89°C до -23.33°C.
Дрвјата можат да се користат во градините како украсни дрвја за сенка.
Компатибилноста помеѓу Corylus jacquemontii, Corylus fargesii и Corylus ferrox сè уште не била евалуирана во програмите за одгледување лески, но има потенцијал бидејќи се смета дека има подлога што не цица.
Можеби е подложно на растителната болест Anisogramma anomala, но сè уште не е целосно истражено,Chittaranjan Kole (Editor) иако една студија во 2015 година во Грузија открила дека Corylus jacquemontii е подложно на болеста.
Примерните дрвја често раѓаат плодови (лешници) во градините Кју, Велика Британија.
Размножување Corylus jacquemontii може да се размножува со семе или со слоевито размножување.
Семето (или оревот) зрее во средината до доцна есен и е потребно да се заштити од верверички (доколку ги има во близина), а ако се чува на ладно и суво место, а исто така и не е излупено, семето треба да се чува до 12 месеци.
За најдобри резултати, семето треба да се посее веднаш штом ќе се собере (од дрвото) на есен и да се посее во ладна рамка и треба да 'рти кон крајот на зимата или напролет.
Доколку се користи складирано семе, тоа треба претходно да се натопи во топла вода до 48 часа, а потоа да се подложи на 2 недели топла вода, проследена со 3-4 месеци ладна стратификација, за да се прекине фазата на ембрионски мирување.
Треба да 'ртат помеѓу 1 и 6 месеци на 20°C, а кога садниците ќе бидат доволно големи за ракување (кога ќе се појават првите вистински лисја), се забодуваат во индивидуални саксии и потоа се одгледуваат во ладна рамка или на заштитено место на отворено за нивната прва зима и потоа можат да се садат на нивните трајни позиции кон крајот на пролетта или почетокот на летото (следната година).
Зачувување Неговиот статус на зачуваност е со недостаток на податоци (DD), според Меѓународен сојуз за заштита на природата (последна оценка во 2014 година).
Видот неодамна бил подложен на притисоци од глобалното затоплување, климатските промени и антропогениот притисок .
Многу од шумите каде што C. jacquemontii е автохтон вид, брзо се деградирале преку прекумерна експлоатација (на ресурси), а воедно и уништување на живеалиштата, поради потрагата по сточна храна, гориво, храна и медицински цели и други намени.
Почна да страда од слаба регенерација на семето, бидејќи само неколку семиња растат во садници во близина на мајчините растенија, поради ефектите од газење и пасење од страна на животни, како диви, така и домашни животни како кози, овци, крави итн.
Наводи
Категорија:Флора на Пакистан Категорија:Флора на Непал Категорија:Флора на Индија Категорија:Флора на Авганистан Категорија:Леска Категорија:CS1: долга вредност за volume Категорија:Видови без доволно податоци според МСЗП