Асаматско Езеро (, Лимни Асоматон) — вештачко езеро на реката Бистрица во Берско, Егејска Македонија.

Создадено е во 1985 г. со цел да се задоволат потребите за наводнување на околината, притоа создавајќи место за разонода. Сместено е низводно од Восовското Езеро, околу 8 км југоисточно од Бер. Го носи името на селото Асамати. Зафаќа површина од , а вкупната зафатнина на акумулациониот базен изнесува 10.000.000 м3.

Езерото петставува еколошки важно подрачје, поради што тоа, заедно со целата клисура на Бистрица, е вклучено во мрежата на заштитени подрачја „Натура 2000“ (1210002) и прогласено за место од орнитолошка важност (042). Во околината се застапени вкупно 215 видови птици, 35 видови риби, 15 видови цицачи и 17 видови влекачи. Постојат речиси 500 видови растенија, меѓу кои има ендемски видови коишто растат само во овој крај.

Над езерото е сместен средновековниот Берски манастир „Св. Јован Претеча“.

Поврзано Бистрица

Наводи

Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Иматија Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Бистрица (Егејска Македонија)