Македонски мразовец (Colchicum macedonicum) — вид на растенија од семејството Lilium. Првпат го опишал Кошанин.Kosanin (1911) , In: Glas Akad. Nauk. & Beogradu 85: 232 Colchicum macedonicum припаѓа на родот Colchicum и семејството Colchicaceae. Се наоѓа на Црвениот список на загрозени растенија.
Опис Македонскиот мразовец е повеќегодишно тревесто растение. Се одликува со поединачни цветови составени од шест венечни ливчиња. Бојата варира во нежни нијанси на розова, виолетова до светла пурпурна боја, слична на качунките. Цветовите излегуваат непосредно од земјата. Негова особеност е што, слично на есенскиот мразовец, цветовите се појавуваат без присуство на развиени листови на стеблото. Листовите се развиваат подоцна. Целото растение содржи алкалоиди (пред сè колхицин), што го прави високо токсично доколку се консумира.
Живеалиште Македонскиот мразовец е туберозен геофит и расте првенствено во умерениот биом.
Распространетост Се наоѓа во: Македонија Албанија
Македонија Во Македонија е познат само за планината Јакупица – Бегово Поле и планината Караџица
Поврзано Есенски мразовец
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мразовец Категорија:Ендемска флора на Македонија