Избор за песна на Евровизија 2027 година ќе биде 71-во издание на Евровизија. Ќе биде организиран од Европската радиодифузна унија (EBU) и ќе се одржува во Бургас, Бугарија, после победата на Дара со песната „Бангаранга“ (англиски) на изданието во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на 11, 13 и 15 мај 2027 година.
Местоположба Ова ќе биде прво издание на натпреварот чиј домаќин е Бугарија и втор евровизиски настан одржан во земјата, по Детскиот избор за песна на Евровизија во 2015 година во Софија. Избраната локација за натпреварот е „Арена Бургас“ со капацитет од 15.000 седишта, која служи како простор за спортски и концертни настани во затворен простор.
Градови што изразиле интерес за домаќинство на натпреварот:
ГрадМесто на одржувањеКапацитетБургасАрена Бургас15.000Второ местоСофијаАрена Софија17.906Останати дисквалификувани кандидатиВарнаКонгресна сала6.000ПловдивКолодрума7.500 Правилникот за организирање на натпреварот се состои од 200 страници. Правилата бараат салата да биде климатизирана и да има капацитет од 7.000 до 10.000 гледачи. Тоа е бројот на седишта што треба да останат достапни по поставувањето на сцената и сите дополнителни простори поврзани со неа. Местото треба да се наоѓа во близина на меѓународен аеродром и да располага со доволен број хотелски капацитети за сместување. Исто така, треба да обезбеди доволно слободен простор за голем прес-центар, простории за артистите и нивните тимови.
Трошоци Бугарската влада најавила дека планира да го финансира Изборот за песна на Евровизија 2027 година од државниот буџет. Формирана е меѓуинституционална работна група предводена од вицепремиерот Иво Христов за поддршка на подготовките за натпреварот.
Христов очекува трошоците за организирање на Евровизија 2027 во Бугарија да изнесуваат помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Список на учесници За да се учествува на Евровизискиот натпревар, потребно е национален радиодифузер со активно членство во ЕБУ, способен да го прима натпреварот преку Евровизиската мрежа и да го емитува во живо низ целата земја. ЕБУ испраќа покана за учество на натпреварот до сите активни членови.
Според состојбата на , 31 членка на ЕБУ веќе потврдија дека би учествувале на ова издание на Евровизија, и покрај што официјално не е објавена листата на учесници од страна на ЕБУ.
Радиодифузерите имаат рок до 15 септември 2026 година да поднесат пријава за учество, а до средината на октомври можат да се повлечат без да се соочат со финансиска казна. Сепак, тие не се обврзани јавно да го објават својот интерес за учество пред истекот на тие рокови. + Земја Радиодифузер Изведувач Песна Јазик Автор(и) НаводиSBSORF RTSH декември 2026VRT БНТ BBC SWR февруари 2027GPBEPT DR 13. февруари 2027ERR30. јануари 2027RAI19. февруари 2027IPBCCBC 2026англиски, францускиCyBCLSM 06. февруари 2027LRT20. февруари 2027RTL 30. јануари 2027МРТPBSNRKTVPTVR SMRTV 6. март 2027Суспилнефевруари 2027 Yle 20. февруари 2027NPOХРТРТЦГ SRG SSRSVTмарт 2027
Други земји – На 19 октомври 2025 година, Patrick Fiori, кој ја претставуваше Франција во 1993 година, објави дека има намера да ја претставува Ерменија на натпреварот во 2027 година. Ерменскиот радиодифузер AMPTV сè уште нема јавно одговорено на оваа најава. Официјална потврда за учество во 2027 година сè уште се очекува.– На 15 септември 2025 година, српскиот радиодифузер RTS ги објави правилата за нивниот национален избор за натпреварот во 2026 година, „Pesma za Evroviziju ’26“ (PzE ’26). Документот вклучуваше правило кое експлицитно наведува дека победникот на PzE ’26 мора да му го предаде трофејот на PzE ’27 на победникот на изданието во 2027 година, со што практично се обезбедува српски претставник за Евровизија 2027. Официјална потврда за учество во 2027 година сè уште се очекува.
– На 9 март 2024 година, Марио Галунич, уредник во словенечкиот радиодифузер RTVSLO, изработи документ со план за враќање на изборот на словенечки претставници преку националниот избор „Evrovizijska Melodija“ од 2025 до 2028 година. И покрај оваа стратегија, RTVSLO одлучи да не учествува во изданието во 2026 година поради учеството на Израел, наведувајќи дека доколку Израел победел во 2026 година, Словенија немало да се врати во 2027 година.– Пред Петер Маѓар да победи на парламентарните избори во Унгарија во 2026 година, тој јавно изјави дека ќе ја врати земјата на Евровизија, предвидувајќи враќање најрано во 2027 година. Официјална одлука сè уште нема; Унгарија последен пат учествуваше во 2019 година.
Држави кои нема да учествуваат на ова издание: , , и . Останати држави кои сеуште не се изјасниле: , , , , , Придружни членки на ЕБУ – Откако Изборот за песна на Евровизија Азија беше најавен на 31 март 2026 година, SBS не изрази интерес за приклучување на натпреварот. На 11 мај 2026 година, ЕБУ изјави дека „ниту еден радиодифузер што зема учество на Изборот за песна на Евровизија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија Азија“, што значи дека на SBS нема да му биде дозволено да учествува на двете манифестации. На 1 септември 2026 беше потврдено нивно учество.– Во ноември 2025 година, Канада изрази интерес за приклучување кон Евровизија, а CBC Television изјави дека ги разгледува можните начини за учество. Откако CBC Television испрати персонал да го следи натпреварот во 2026 година, директорот на натпреварот Мартин Грин јавно ја поздрави можноста Канада да се приклучи на шоуто. На 01 јули 2026 се потврди нивното учество.
Земји кои не се членки на ЕБУ Косово– РТК активно се стреми кон членство во ЕБУ за да овозможи деби на земјата на натпреварот, потег кој е поддржан од косовското Министерство за култура. Официјални претставници на радиодифузерот присуствуваа на генералното собрание на ЕБУ во Прага на 25 и 26 јуни 2026 година. Дополнително, РТК го оживува фестивалот „Akordet e Kosovës“ за да послужи како национален избор и за Евровизија и за Детска Евровизија.
Израелско учество Шпанскиот радиодифузер RTVE одлучи да не учествува на натпреварот во 2026 година, протестирајќи заедно со радиодифузерите од Исланд, Ирска, Холандија и Словенија поради продолженото учество на Израел во услови на војната во Газа. На 25 февруари 2026 година, RTVE формално побара дискусии во рамките на EBU во врска со можноста земји кои активно учествуваат во воени конфликти да не можат да се натпреваруваат во 2027 година.
На 3 мај, директорот на ESC, Мартин Гриин, изрази надеж за време на интервју за холандската информативна програма „Nieuwsuur“ дека радиодифузерите кои го бојкотираа изданието во 2026 година ќе се вратат во 2027 година. Како одговор, RTVE наведе дека ќе процени „дали условите се соодветни“ за идно учество по финалето во 2026 година. Слично на тоа, холандскиот радиодифузер AVROTROS изјави дека чека целосна евалуација на натпреварот во 2026 година пред да коментира за можното учество во 2027 година.
На 11 мај, Ynet објави дека биле одржани прелиминарни разговори за можно преместување на Израел во Азиската Евровизија; сепак, Грин категорично го негираше овој глас во интервју за „Het Parool“.
За време на програмата пред финалето во 2026 година, портпарол на фламанскиот радиодифузер VRT изјави дека е многу малку веројатно радиодифузерот да учествува во 2027 година во име на Белгија, освен ако EBU не спроведе директно гласање во врска со учеството на Израел. Портпаролот ги опиша шансите VRT да испрати претставник во 2027 година како „мали“, повикувајќи ја EBU да „даде јасна изјава против војната и насилството и во корист на почитувањето на човековите права“. Учеството на Белгија на натпреварот се менува секоја година помеѓу VRT и франкофонскиот радиодифузер RTBF.
Израел го потврди своето учество на 12.07.2026.
Радиодифузерите на следните земји објавија официјални изјави во врска со Израел и натпреварот во 2027 година: – За време на воведната програма пред финалето во 2026 година, Јасмин Ван дер Борхт, портпаролка на фламанскиот радиодифузер VRT (кој треба да учествува во 2027 година како дел од годишната ротација со франкофонскиот RTBF), изјави дека е малку веројатно радиодифузерот да го стори тоа освен ако ЕБУ (EBU) не одржи директно гласање за учеството на Израел. Ван дер Борхт изјави дека шансите VRT да испрати свој претставник во 2027 година се „мали“ и ја повика ЕБУ да „даде јасна изјава против војната и насилството и за почитување на човековите права“. На 23 септември беше потврдено учество.
– На 19 мај, генералниот директор на RTÉ, Кевин Бакхерст, изјави дека „во моментов нема причина да ја промениме нашата одлука, но ќе ја преиспитаме во наредните месеци“
– На 9 март 2024 година, Марио Галунич, уредник во RTVSLO, изготви документ во кој една од точките беше план за враќање кон избор на словенечки претставници за Евровизија преку националното финале Evrovizijska Melodija од 2025 до 2028 година. И покрај ова, RTVSLO одлучи да не учествува во 2026 година поради учеството на Израел. Радиодифузерот исто така изјави дека доколку Израел победи во 2026 година, тие нема да се вратат во 2027 година.
– На 24 август 2026 година, AVROTROS објави дека нема да се врати на натпреварот во 2027 година, истакнувајќи дека континуираното учество на Израел го нарушува неутралниот карактер на настанот. NPO, чадор-организацијата на холандскиот јавен радиодифузен систем, разгледува дали ќе учествува во разговори за учество преку друг радиодифузер. Omroep Max изрази подготвеност да го преземе учеството на Холандија на натпреварот доколку NPO обезбеди финансиска поддршка, но подоцна се откажа од својот интерес. BNNVARA, EO, KRO-NCRV и PowNed, исто така, ја отфрлија можноста за учество. На 23 септември беше потврдено учество.
– Како одговор на изјавите на Грин за време на интервјуто за Nieuwsuur, RTVE изјави дека ќе испита „дали условите се соодветни“ за идно учество по финалето во 2026 година.
Преглед на натпреварот Изборот за песна на Евровизија 2027 година ќе биде во продукција на бугарскиот национален сервисер БНТ. Во јули 2026 година, бугарската влада усвои акциски план за организација на натпреварот. Според планот, извршниот продуцент и креативниот директор треба да бидат назначени до 30 август, а договорот со избраната арена да се потпише до 10 септември, со тоа што просторот ќе биде ставен на располагање до крајот на истиот месец. Предлог-буџетот треба да биде подготвен до 10 октомври, додека креативниот концепт и визуелниот идентитет треба да се комплетираат до 15 декември. Изборот на водителите и сценаристите е предвиден за периодот меѓу ноември 2026 и април 2027 година, а изградбата на сцената и техничките проби ќе се одвиваат од средината на март до крајот на април. Евровизиското село ќе работи од 13 април до 31 мај, додека враќањето на арената во нејзината редовна намена е планирано за периодот меѓу 18 и 24 мај.
Систем на гласање и структура на натпреварот На 12 август 2026 година, ЕБУ објави прелиминарен преглед на правилата за изданието во 2027 година. Меѓу најважните промени е тоа што телевизијата на земјата победничка автоматски ја губи можноста да го организира следниот натпревар доколку „вооружен конфликт, чувствителна геополитичка ситуација или каков било друг настан сериозно ја загрозува безбедноста или стабилноста на земјата или нејзиниот регион“. Воведени се и дополнителни мерки за ограничување на прекумерното користење на однапред снимени придружни вокали. Покрај тоа, изведувачите мора да имаат наполнето најмалку 18 години на денот на нивната прва проба, за разлика од досегашното правило за минимум 16 години кое важеше од 1990 година. На крајот, во зависност од конечното одобрение, победниците во полуфиналињата ќе се одлучуваат или целосно со гласање од публиката, или со комбинација од жиро и публика во сооднос кој дополнето ќе се дефинира.
Полуфиналиња Планирани се две полуфинални вечери на 11 и 13 мај, каде што ќе учествуваат следните држави: Земја ИзведувачПеснаЈазикПоениМесто
Финале