мини|300п|Улична кошарка Улична кошарка () или разговорно баскет — вид кошарка, која се појавила во САД во 1950-тите години во сиромашните градски маала. Од обичната кошарка се разликува по бројот на играчи — ги има тројца, и по зоната на игра — половина од кошаркарското игралиште со еден кош.
Игралиште за улична кошарка Секој терен мора да ги исполнува следниве услови:
1. Да има рамна површина, покриена со асфалт или друг материјал погоден за игра.
2. Да има ознаки нанесени со бела боја во согласност со шемата.
Правила Класични правила 3×3 на Здружението за улична кошарка (2016). Игрите се спроведуваат според официјалните правила за кошарка 3×3 на ФИБА за мажи и жени, кои се идентични со правилата на ФИБА, со следниве исклучоци и коментари:
Терен 1.1. Теренот претставува половина од вообичаено кошаркарско игралиште со еден кош.
1.2. Местата за борба за скок при слободно фрлање се означени со линии со должина од 85 см и ширина од 5 см, и се распоредени исто како на обично кошаркарско игралиште.
1.3. Нема полукруг за изведување слободни фрлања.
1.4. Линијата за слободни фрлања се наоѓа на истото растојание од точката — проекција на центарот на кошот врз теренот, како и на обично кошаркарско игралиште, и има должина од 1 метар.
Судии 2.1. Натпреварот може да го судат до тројца судии.
2.2. Судиите вршат целосна контрола врз играта. Главни обврски на судиите се: спроведување на процедурата со ждрепка за почеток на играта, доделување тајмаути (во траење од 30 секунди); одредување на екипата што има право на поседување на топката; водење на резултатот; мерење на времето; одредување ситуација на „мртва топка“; досудување на сите прекршоци (чекори, неправилно водење, аут итн.), како и на сите лични фаули.
Екипи 3.1. Играат две екипи. Составот на екипата е 3 или 4 лица. Во пријавата за турнирот може да има од 3 до 6 играчи.
3.2. На почетокот на играта, на теренот мора да бидат присутни тројца играчи од екипата.
3.3. Капитен на екипата може да биде кој било од нејзините членови.
3.4. Истовремено на теренот не може да има помалку од двајца и повеќе од тројца играчи од една екипа.
3.5. Ако за време на играта во екипата останат помалку од двајца играчи, на таа екипа ѝ се досудува пораз поради недоволен број играчи (0:w).
3.6. Ако по истекот на две минути од закажаниот почеток на играта во екипата нема тројца играчи (непојавување), на таа екипа ѝ се досудува пораз со службен резултат (0:w).
Наводи
Надворешни врски
Streetball.com Global Basketball Community Streetball.ca Canada based streetball/events website Streetball Europe 1st all European Streetball tournament Australian Streetball 3N3 League 1st 3on3 Streetball League in Australia Variations of basketball The game of H.O.R.S.E https://www.wikihow.com/Play-Streetball
Категорија:Улични игри