Alkanna stribrnyi — вид на растение од родот Alkanna.
Опис
Повеќегодишно тревесто растение, 10–30 цм високо. Стеблото се издигнува или речиси вертикално, со долги четинести влакна што дополу или целосно стрчат, со прилегнати куси влакна и со жлездести влакна. Базалните и долните стеблени листови копјести или елиптично-копјести, 2–3 цм долги, 0,3–0,6 цм широки, во основата постепено стеснети, препокриени со подолги четинести влакна, како и со покуси прости и жлездести влакна, погорните стеблени листови линејнокопјести до тесно елиптични, 0,8–2,5 цм долги, 0,2–0,3 цм широки, приседнати, со слична влакнавост како и подолните и базалните листови. Цветовите се развиваат во пазувите на копјестите прицветници кои се нешто подолги од чашката, собрани во растресити срповидни соцветија кои при формирање на плодот се издолжуваат. Чашката при цветањето 6–7 мм долга, при формирањето на плодот се издолжува до 10–11 мм, густо препокриена со долги четинести влакна што дополу стрчат и со покуси прости и жлездести влакна. Венчето е темнопортокалово до жолтеникаво, често ишарано со надолжни синкави пруги, од надворешната страна влакнесто, венечната трубичка со еднаква должина или малку подолга од чашката, дијаметарот на проширениот дел од венчето 8–11 мм. Оревчињата околу 2 мм долги, со свиткан клуновиден дел и убаво изразена мрежесто-брадавичеста површина.
Во Македонија Расте по брдските пасишта, на силикатна и варовничка подлога, и на надморска висина од 150–900 метри.
Познат за Скопје, Водно, Велешко, клисурата на реката Тополка, Овче Поле, Криволак, Кочани, Нов Дојран, Валандовско, околината на Дојранско Езеро, Прилеп, Катланово, Блаце, Тополка, Пчиња.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 104-105 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Подвидови A. s. intermedia A. s. stribrnyi
Наводи
Категорија:Флора на Македонија