Христо или Ицо (наречен Грнето) (Омотско, – ?) — мајстор-градител од Костурско, претставник на Брациговската школа.
Животопис Роден е околу 1730 г. во селото Омотско, Нестрамско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1791 г. се преселил во Брацигово заедно со поголем број сонародници. Се занимавал со градежништво. Учествувал во изградбата на мостот на Марица во Пазарџик, заедно со Драго, Велчо и Бозо од Орешец, Марко Зисо, Ванчо Устабаши, Зога, Ѓуро, Дуко, Јорго, Фиљо и Михо Копаран од Омотско и Канчо од Слимница. Татко е на мајсторот Атанас Мечкарин.
Поврзано
Брациговска школа
Наводи
Категорија:Претставници на Брациговската школа Категорија:Македонски преселници во Брацигово