Штерју (познат како Стерју или Стрељо Арнаут) (Омотско, 1786 – Хасково, 1845) — мајстор-градител од Костурско, претставник на Брациговската школа.
Животопис Роден е во 1786 г. во селото Омотско, Нестрамско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1791 г. неговото семејство се преселило во Брацигово заедно со поголем број сонародници. Се занимавал со градежништво и заедно со Драго, Христо Грнето, Рајчо, Дуко, Зога, Јорго, Михо Копаран и други, бил еден од првомајсторите на брациговскиот градежен еснаф. Во 1837 г. ја изградил црквата „Пресв. Богородица“ во градот Хасково. Учествувал и во изградбата на градската саат-кула. Штерју е исто така автор на многу други цркви, џамии и саат-кули. Починал во 1845 г.
Родословие Штерју е родоначалник на истакнатиот хасковски род Арнаудови. Неговите наследници Атанас, Костадин, Јању и Георги се занимавале со лозарство и винарство, што било профитабилно во втората половина на XIX век.
Поврзано
Брациговска школа
Наводи
Категорија:Претставници на Брациговската школа Категорија:Македонски преселници во Брацигово Категорија:Македонски преселници во Хасково