Ошљани (, Агија Фотини, до 1926 година Όσλιανη, ОслјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όσλιανη -- Αγία Φωτεινή) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 241 жител (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа околу 13 км југозападно од градот Воден, во североисточните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 660 м.

Историја Ошлјени се смета за многу старо село, бидејќи се води и во најстарите турски сиџили. познато по неговата улога во Негушкото востание од 1822 г.

Кон крајот на XIX век Ошљани се води како чисто македонско село во Воденската. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дела во 1873 г. во Ослене (Osléné) имало 30 куќи со вкупно 137 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 50 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.

Цялото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Омляни (Omliani) имало 120 Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191. мини|десно|250п|Поглед на Ошљани

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото влегува во состав на грчката, кога имало 119 жители. Истата година Панајотис Деказос, одговорен за земјоделство при Македонското управништво, го споменува Ошљани (Όσλιανη) како село населено со „словеногласни елини“.Δεκάζος, Παναγιώτης Α. "Η Νάουσα της Μακεδονίας: Οικονομολογική μελέτη της γεωργίας, κτηνοτροφίας και δασών της περιφερείας ταύτης". Εν Αθήναις, 1913. Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 15 македонски куќи.. Во 1920 г. во селото се евидентирани 95 жители. Во 1926 г. Ошљани е пременувано во Агија Фотини. Во 1928 г. населението се накачило на 107 жители.

За време на Втората светска војна во Ошљани влегле бугарски окупациски сили, основајќи чета на паравоената организација „Охрана“.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Селото страдало и во Граѓанската војна.

Население Иако е планинско, селото доживеало пораст наместо намалување на населението, типично за другите вакви села. Денес населението на Месимер останува целосно македонско и непроменето.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Под, во кој спаѓа и селото Под.

Стопанство Иако е планинско и прилично пасивно, селото останува познато по дрводелството и претприемништвото. Во помала мера се одвиваат и сточарството и земјоделството.

Личности Кара Мице — македонски револуционер, учесник во Грчката војна за независностИлюстрация Илинден, 1938, бр.92, стр.12-15 Лазо Ошлинецо — револуционер, воденски војвода на ВМОРОНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 92.

Наводи

Категорија:Воден