Острово ( - Арниса, до 1926 г. Όστροβο, ОстровоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όστροβον -- Άρνισσα) — гратче во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.242 жители (2021).
Во минатото било населено исклучиво со Македонци, но подоцна се доселиле и турски семејства, па местото добило мешан етнички карактер. Овие се иселиле со размената на населението во 1920-тите, а на нивно место дошле грчки бегалци од Турција. Денес сепак во голема мера преовладува македонското население.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на североисточниот брег на Островското Езеро, 25 км западно од градот Воден, на надморска височина од 580 м. Низ гратчето поминува железничката линија Солун - Лерин - Битола. и претставува своевиден сообраќаен и економски центар, со разни управни установи, амбуланта, гимназија итн.
Непосредно на југ од Острово е изграден тунел кој ја пренесува водата од езерото во реката Вода за снабдување на вештачката акумулација Владовско Езеро наменета за производство на струја. Затоа денес водата е донекаде повлечена и не доаѓа до самото гратче (или само до периферијата).
Историја Во антиката и средниот век мини|десно|250п|Викиншката (Варјашка) царска гарда на Харалд во состав на византиската војска, единствено поради која Византијците успеале да ги победат македонските војски На североисток од Острово во антиката се наоѓал градот Целе, центар на долномакедонската област Еордеја. Во римско време во близина поминувал патот Вија ЕгнацијаМакедонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 37.
Во 1019 г. Острово се спомнува како дел од Мегленската епархија на Охридската архиепископија.
Познато е дека во XI век на островот Свети Пантелејмон во езерото се наоѓал царскиот замокИван Петрински, Къде е погребан цар Петър Делян? - „Сега“, 2 септември 2010 г.. Таму, во 1041 г. се одиграла Островската битка, во која македонскиот цар Петар Делјан е поразен од византиската војска, во голема мера помогната од викиншка платеничка војска на чело со идниот норвешки крал Харалд III. Овие подвизи на Харалд кај Острово се опишани во норвешка сага за неговите дела.
Османлиско време Во османлиско време Острово станало седиште на мудурлук), а во Островската нахија влегле селата Друшка, Русилово, Ослово, Нисија, Патичино, Жерви, Чеган и Кадрево.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и Островската џамија датираат пред 1571 г.Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишува Острово како:
Околу 1840 г. имотите на селаните биле насилно приграбени од Илјаз-паша (родум Албанец од Дебар) и селото со тоа станало чифлигарско. Подоцна жителите успеале да ги го откупат селото.Дебърски глас, година 2, брой 32, 22 февруари 1911, стр. 2. Околу 1850 г. е изградена новата црква „Света Троица“.
Околу 1858-1860 г. водите на Островското Езеро се надигнале, потопувајќи го теснецот на полуостровот, на кој се наоѓало селото Старо Острово, по што жителите биле приморани да се раселат во Воден, Битола и околните села.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Острово (Ostrovo) е гратче со 389 домаќинства, со вкупно 1.400 жители Македонци-христијани и 450 Македонци муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159. мини|десно|250п|Рушевините на Старо Острово и стрчнатото минаре на џамијата во езерото на разгледница од Првата светска војна Во летото 1879 г. селото претрпело напад од разбојничка банда.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 310.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Острово имало 750 жители Македонци и 450 Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.
Во селото работел комитет на Македонската револуционерна организација, кој во 1902 г. бил откриен, а раководителите биле уапсени, но на патот за Воден биле спасени од четата на војводата Аргир Манасиев и испратени да пребегаат во Бугарија.Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 373. За време на Илинденското востание во 1903 г. во борбите како доброволци на МРО учествувале дури 40 жители на Острово..
На почетокот на XX век во гратчето функционирале дури три странски пропаганди — бугарскata, грчкata и српскata. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Острово живееле 1.040 Македонци, од кои 768 под Бугарската егзархија и 272 Цариградската патријаршија. Во гратчето работеле бугарско, грчко и српско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 190-191.
Во 1912 г. во Острово имало 233 куќи со вкупно 1.243 жители, разделени на македонско и турско маало. Од нив 908 биле Македонци, 320 Турци и 15 Роми.
Припојување кон Грција десно|мини|250п|Острово со езерото на почетокот на XX век.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.498 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ евидентирал 160 македонски и 95 турски куќи. Во 1920 г. Острово е заведено со 1.276 жители. Во 1924 г. турските жители на Острово се иселени во Турција и на нивно место се доведени 305 Грци-бегалци од Мала Азија и Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Арниса. Во 1928 г. во Острово се евидентирани 1.289 жители, од кои 357 (80 семејства) биле доселеници. Во Втората светска војна селото е окупирано од Бугарија и создадена е чета на бугарската паравоена организција „Охрана“.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
Население
Родови Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:
Поп-Трајковци (3 к.) староседелци. Лимба (6 к.) староседелци. Бојевци (9 к.) доселени се од некое село Цетине во Егејска Македонија во средината на XVIII век. Бојне (15 к.) доселени се од селото Чеган на почетокот на XIX век. Харишевци (4 к.) доселени се од селото Загоричани кај Костур, во почетокот на XIX век. Куришевци (6 к.), Илковци (5 к.), Геловци (3 к.), Чаневци (3 к.), Тодоровци (18 к.) и Шепаковци (6 к.) сите овие родови се доселени на почетокот од XIX век од селото Бегна. Имале роднини во Долно Граматиково. А сите заедно имаат уште прастаро потекло од селото Чепелово кај Јанина во Епир. Од каде пребегнале поради насилствата кои ги вршел Али Паша Јанински. Кулиши (10 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое село во битолско. Дупкаревци (4 к.) доселени се во 1872 година од селото Горничево кај Лерин. Берукуќа (1 к.) доселени се од селото Чеган во 1902 година.
Самоуправа и политика Гратчето припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и селата Друшка, Кадрево, Ново Русилово и Русилово.
Стопанство Главно занимање на населението е земјоделството, но застапени се и трговијата занаетчиството и риболовот. Главни производи се житото, сточните култури, грозјето, а во поново време и овоштарството, и тоа на површините ослободени од поивлекувањето на Островското Езеро со доведувањето на водата за потребите на ХЕЦ „Владово“.
Личности мини|десно|Атанас Караташов (лево) и Григор Цоцев (десно) Ѓорѓи Делев (1847-?) — револуционер на МРО Григор Цоцев (1871-?) — тиквешки војвода на МРО Атанас Караташов (?-1906) — воденски војвода на МРО Ставри Хаџихаров (1882-1957) — гркомански андартски деец Христо Стојанов — гркомански андартски капетан Геле Шипаков (1927-1947) — комунистички деец Христо и Томе Печкови — комунистички дејци
Поврзано Островско Езеро Островска битка
Наводи
Категорија:Острово (село)