Емил Алфонс Холм (роден на година, во ) — шведски фудбалер, играч од одбраната на и на шведската репрезентација.

Технички карактеристики Десен бек со добра физичка структура, силен во фазата на напад. Има добри тркачки способности и умее да влегува во шанси за гол.

Клупска кариера Почетоци, Гетеборг и Сенерјуск Тој почнал да игра фудбал во Анебергс ИФ, мал тим со седиште во Кунгсбака, на неколку километри од градот Гетеборг.

Во летото 2012 година, тој се приклучил на младинскиот тим на ИФК Гетеборг. Пред почетокот на сезоната 2019, тој бил промовиран во првиот тим потпишувајќи тригодишен договор. Тој го направиl своето деби во Алсвенскан на 29 јуни 2019 година, влегувајќи како замена во ремито 0–0 на гостувањето против Естерсунд. За време на тоа првенство тој одиграл 11 натпревари, од кои 2 како стартер.

Неговиот прв професионален гол, бил постигнат на 8 ноември 2020 година, со кој му помогнал на Гетеборг да победи со 1-0 во клучен натпревар на гости против Хелсингборг, директен ривал во борбата за избегнување на испаѓање во Суперетан. Со овој резултат, на три кола до крајот, бело-сините имале предност од три бода во однос на претпоследното место и со тоа и во однос на плејофот за опстанок, на крајот изборувајќи директен опстанок.

Во јануари 2021 година, Холм бил продаден на данската екипа Сенерјуск, со која потпишал договор со важност до летото 2025 година.

На 27 август 2021 година, тој бил целосно купен од , италијански клуб од Серија А, кои во исто време го оставиле на позајмица кај данците за уште една сезона.

Специја Откако се вратил во Лигурија во летото 2022 година, тој го имал своето деби на 6 август, играјќи ги последните 7 минути од натпреварот од Купот на Италија против , добиен со 5-1. На 14 август, тој го имал и своето деби во Серија А, влегувајќи како замена во 75-тата минута од победата над Емполи. Неговиот прв гол го постигнал на 16 октомври, во ремито 2-2 против Кремонезе.

Аталанта По испаѓањето на Специја од Серија А, на 31 август 2023 година, тој бил позајмен (за надомест од 2,5 милиони евра) на , со опција за откуп поставена на 8 милиони евра. Откако останал во најсилната италијанска лига, дебитирал за новиот клуб два дена подоцна, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Давиде Ѕапакоста во победата од 3-0 против Монца. На 15 јануари 2024 година, тој го постигнал својот прв гол за Аталанта, за да го постави конечниот резултат во успехот со 5-0 на домашен терен против Фрозиноне. Во мај 2024, тој придонел за големото славје на клубот од Бергамо по повод освојувањето на Лига Европа, успех кој дошол по победата во финалето над . По завршувањето на сезоната, тој не бил откупен од Аталанта.

Болоња и Јувентус На 28 јуни 2024 година, тој бил купен за 7 милиони евра од , која станала неговата трета екипа во Серија А. Своето деби за „рособлу“ го имал на 28 септември, влегувајќи како доцна замена во домашниот натпревар против неговиот поранешен тим Аталанта, кој завршил нерешено 1-1. На 27 ноември, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи во игра како замена за Штефан Пош кон крајот на домашниот натпревар против Лил, загубен со 1-2. На 15 јануари 2025 година, тој го постигна својот прв гол за Болоња, поставувајќи го конечниот резултат 2-2 во натпреварот против Интер. На 14 мај, тој го освоил Купот на Италија со Болоња, започнувајќи и играјќи до 76-тата минута во победата со 1-0 во финалето против Милан. Тој го напуштил клубот по 48 настапи и два гола.

На 2 февруари 2026 година, тој се преселил на позајмица со опција за откуп во Јувентус. Три дена подоцна, дебитирал за „бјанконерите“ во натпреварот од Купот на Италија, загубен со 3-0 од Аталанта, заменувајќи го Џонатан Дејвид. Неговата кратка шестмесечна авантура во Јувентус завршила, со вкупно 8 настапи за клубот, по крајот од сезоната 2025-2026, откако не бил откупен од „бјанконерите“.

Репрезентативна кариера На 8 ноември 2022 година, тој бил повикан за првпат во сениорската репрезентација на Шведска, за која дебитирал 8 дена подоцна во победата со 1-2 во пријателскиот натпревар против . На 12 септември 2023 година, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата, намалувајќи ја разликата во поразот на домашен терен од , во квалификациите за Европското првенство 2024.

Хромнологија на репрезентативните настапи

Титули Клупски Гетеборг Куп на Шведска : 1 2019-2020

Аталанта Лига Европа : 1 2023-2024

Болоња Куп на Италија : 1 2024-2025

Наводи

Надворешни врски

Емил Холм на soccerway Емил Холм на transfermarkt Емил Холм на espn Емил Холм на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалери на ИФК Гетеборг Категорија:Фудбалери на ФК Специја Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Луѓе од Гетеборг